Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за административните службеници (,,Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македоноја “ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), а во врска со член 41 став 1 точка 2 и член 41 став 2 Законот за инспекциски надзор ( ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 102/2019 ) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 11/2015, 35/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.303/2020), објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022
За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
во
Државниот инспекторат за животна средина
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022
За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори во
Државниот инспекторат за животна средина
Државниот инспекторат за животна средина, објавува интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори за следните работни места:
- ИНС 0101Б04001 – Раководител на одделение – Виш инспектор, Одделение за инспекциски надзор во животната средина – Полошки регион со канцеларии во Тетово и Гостивар, Сектор за инспекциски надзор во животната средина
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 30.057,00
- ИНС 0101Б04001 – Раководител на одделение – Виш инспектор, Одделение за инспекциски надзор во животната средина – Вардарски и Југоисточен регион со канцеларии во Струмица, Гевгелија, Велес и Кавадарци, Сектор за инспекциски надзор во животната средина
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 30.057,00
- ИНС 0101В01001 – Советник – инспектор, Одделение за инспекциски надзор во животната средина – Скопски регион, Сектор за инспекциски надзор во животната средина
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 26.566,00
- ИНС 0101В01001 – Советник – инспектор, Одделение за инспекциски надзор во животната средина – Полошки регион со канцеларија во Гостивар, Сектор за инспекциски надзор во животната средина
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 26.566,00
Кандидатите за наведените работни места потребно е да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
- Државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-стручни квалификации:
- а сите нивоа од категорија Б – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- работно искуство:
Б4 – најмалку четири години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор;
-стручни квалификации:
- а нивото В1 – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен ;
-работно искуство:
В1 – најмалку три години работно искуство подипломирањето.
Oпшти работни компетенции:
- решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- положен испит за административно управување
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.
Превземи ја пријавата
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
- Да е оценет со оцена ,,А” или ,,Б” при последното оценување на кое бил оценуван,
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- Да поминал најмалку две години на истото ниво и
- Да не му е изречена дисциплинsка мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Распоред на работно време:
- Работни денови : Понеделник – Петок
- Работно време: 08.30 часот и завршеток на истото во 16.30 часот
Заинтересираните административни службеници поднесуваат писмено пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, преку писарницата на Државниот Инспекторат за животна средина до организационата единица за управување со човечки ресурси, како и на службената електронска адреса info@sei.gov.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.
Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:
Палата Емануел Чучков, Ул.Бихаќка бр.2, 1000 Скопје
(со назнака „интерен оглас за унапредување“).
Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) денови од денот на објавување на огласот на web страната на Државниот Инспекторат за животна средина и на web страната на Агенцијата за администрација.