Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за административните службеници (,,Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македоноја “ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), а во врска со член 41 став 1 точка 2 и член 41 став 2 Законот за инспекциски надзор (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 102/2019) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 11/2015, 35/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.303/2020), објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022
За унапредување на 1 (еден) административен службеник
Државниот инспекторат за животна средина, објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:
- ИНС 0101Б01001 – Генерален Инспектор за животна средина - 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 39.150,00
Кандидатите за наведеното работно место потребно е да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
- Државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-вид на образование:
“Инженерство и технологија” - (Друго инженерство и технологии)
-стручни квалификации:
- а сите нивоа од категорија Б – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- работно искуство:
- 1 – најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку две години како инспектор.
Oпшти работни компетенции:
- решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- положен испит за административно управување
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
- Да е оценет со оцена ,,А” или ,,Б” при последното оценување на кое бил оценуван,
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- Да поминал најмалку две години на истото ниво и
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
-Превземи ја пријавата
Распоред на работно време:
- Работни денови : Понеделник – Петок
- Работно време: 08.30 часот и завршеток на истото во 16.30 часот
Заинтересираните административни службеници поднесуваат писмено пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, преку писарницата на Државниот Инспекторат за животна средина до Секторот за координација, општи и правни работи и јавни набавки, како и на службената електронска адреса info@sei.gov.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.
Датум на публикување 29.12.2022 година.
Краен рок на аплицирање 02.01.2022 година.