Како што е наведено во Прирачникот нa INECE -меѓународната мрежа за усогласување и спроведување на законите во животната средина, да се има закони за животна средина не е доволно за да се решат проблемите во таа област. Владите мора да изнајдат начини како заедниците да ги исполнуваат барањата од законите за животна средина и да ги применуваат нивните регулативи. Успешните стратегии ќе поттикнат промени во однесувањето и ќе ги охрабрат членовите на заедниците да се придржуваат кон тие промени кои се клучни за да се постигне усогласувањето.
Усогласувањето и спроведувањето на програмите во животнатната средина претставува дел од сеопфатниот циклус на менаџмент во животната средина. Во пракса, овој циклус подразбира детектирање на одредени проблеми во животната средина од страна на заедниците и прифаќање за рашавање на тие проблеми од страна на владата. Владата во тие случаи утврдува посебни цели за решавање на проблемите и избира управувачки пристап за исполнување на тие цели. При утврдувањето на задолжителните барања владите мора да ја имаат предвид правната основа која се однесува на овие барања и на тој начин да утврди усогласување и спроведување на програмите за да се осигура дека заедниците ќе се придржуваат кон тие барања. Откако ќе почне имплементацијата, ќе треба да се применуваат евалуации и прилагодувања за континуирано подобрување и ажурирање на програмите.
Инспекцијата во животната средина, како дел од следење на примената, е една од клучните компоненти што владините и другите институции ја користат за да се осигураат дека заедниците се придржуваат кон законите и регулативите за животна средина. Таа се спроведува со посети на лице место од страна на лиценциран инспектор, со поднесување на јавен извештај за прекршокот и со разгледување на информацијата поднесена од страна на индустрискиот капацитет, како дел од програмата за само-следење и известување. Следењето на примената генерално ги опфаќа само-следењето од страна на ентитетот и владините инспекции и инстраги.
Спроведувањето се однесува на активностите преземени од страна на владата против сторителите на прекршокот со цел да ги обврзе да го применат законот. Тие одредби генерално, ја овластуваат владината институција да примени санкции, било административни, судски или кривични и да побара од сторителот на прекршокот да се придржува кон законот. Некои статути содржат одредби кои бараат од сторителот да ја поправи сторената штета во животната средина или пак владата да ја санира штетата но потоа да ја наплати санацијата од сторителот на штетата.
|