ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
16.12.2019 | АД "ОХИС" збирна информација

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

Информација за настаната ситуација во правен субјект ОХИС-Органско хемиска Индустрија Скопје на ден 08.11.2019 година.

 

Во кругот на АД „ОХИС“ во стечај се спроведува Проектот за Безбедно остранување на хемикалии од локации  и производни погони од страна на фирмата „Екоцентар 97“ од Скопје.

За овој проект фирмата „Екоцентар 97“  ДООЕЛ од Скопје поседува Елаборат за заштита на животна средина кој е одобрен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и истиот е објавен на интернет страницата на МЖСПП.

Од страна на Државните инспектори од Државниот инспекторат за животна средина редовно се вршени инспекциски надзори  во врска со активностите на овој проект.

Имено, Државни Инспектори од Државниот Инспекторат за животна средина на ден 08.11.2019 год. заедно со овластените инспектори за животна средина на Општина Кисела Вода и Градот Скопје и екипа на Министерството за внатрешни работи со Дирекцијата за заштита и спасување извршиле инспекциски надзор во кругот на АД „ОХИС“ Скопје каде се случило излевање на вода со која бил чистен празен метален резервоар во кој претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Инспекциските служби на централно и локално ниво постапиле по дојава од жители кои утрото почувствувале непријатна миризба во околината на фабриката.

Истекувањето се случило на локација каде горенаведениот правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

Истечена е вода од метален резервоар во кој бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнет металниот резервоар, фирмата имала обврска истиот да го исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када – танквана во која се наоѓал металниот резервоар и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината. Лабораторијата на МВР зема проба која ќе биде лабораториски испитана.

Од страна на Државен Инспектор за животна средина е изготвен Записник за констатирана состојба на лице место, а правниот субјект е веднаш задолжен да работи на терен цела ноќ за да целата излеана течност од кадата биде преточена во соодветно пакување.

На ден 09.11.2019 година од страна на Државниот инспекторат за животна средина направен е контролен инспекциски надзор во кругот на АД „ОХИС“ Скопје во врска со постапување на правниот субјект по задолжувањето. Со надзорот се констатира дека излеаната течност во кадата целосно е собрана во буриња и кадата е покриена со дрвени струготини – пилевина. При надзорот на самото место утврдено е присуство на работници кои ја собираа пилевината и дното од кадата го премачкуваа со варова вода. На самото место 

немаше мирис. Од страна на „Еко центар 97“ ДООЕЛ не информираа дека вечерта дошла екипа од Министерството за одбрана да изврши мерења на загаденост на воздухот и дека на 11.11.2019 година ќе извршат уште едни мерења. Исто така беа присутни и професори од Лабораторијата при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип кои вршеа теренски мерења. Отпадниот материјал е планирано целосно да биде извезен надвор од Македонија за негово понатамошно уништување.

Од страна на Армијата на Република Северна Македонија извршени се мерења на загаденост на воздухот во кругот на АД „ОХИС“ Скопје на 08.11.2019 год. како и на 11.11.2019 година по нарачка на стечајниот управник на АД „ОХИС“ Скопје.

Од страна на правниот субјект „Екоцентар 97“  ДООЕЛ Скопје дадени се резултати од извршено мерење на хемиска контаминација во кругот на АД „ОХИС“ Скопје издадено од Министерство за одбрана, а извршено од единицата за атомско, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на Република Северна Македонија. Мерењата се извршени со автоматски хемиски детектор CAM 2 (Chemical Agent Monitor 2) во плус конфигурација за детекција за токсични хемиски супстанции. На 08.11.2019 година во 17 часот извршени се мерења на местото на истекување на течноста од резервоарот, детектирано е средно ниво на концентрација, а во непосредна близина на резервоарот ниско ниво на концентрација. На 11.11.2019 година  извршени се мерења на локацијата на резервоарот и не е детектирана присуство на хемиска концентрација. Неофицијално од Лабораторијата при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип немало надминување на граничните вредности на емисиите во воздухот и нема простор за паника на граѓаните, а резултатите од испитувањата сè уште не се доставени до ДИЖС.

Од страна на ДИЖС на ден 04.12.2019 година се поднесе Прекршочна пријава со Покана за платен налог за наплата на глоба за сторен прекршок согласно член 139, став 1 точка 3, а во врска со член 24 од Законот за управување со отпад, односно не постапување со должно внимание. Платниот налог е потпишан од страна на управителот на Еко центар 97 ДООЕЛ Скопје и врз основа на тоа е изготвен Записник за спроведување на постапка за порамнување согласно член 212 – в од Законот за животна средина.

Национално координативно тело за превенција, намалување на ризиците и заштита од хемиски, биолошки, радијациони и нуклеарни оружја и материјали имаше состанок во просториите на Министерството за Надворешни Работи на 22.11.2019 година на кој беше образложена состојбата со ОХИС од 08.11.2019 година. ХБРН Телото продолжува континуинирано да ја следи состојбата со ОХИС, Скопје.

Инспекциските надзори од страна на Државниот Инспекторат за животна средина продолжуваат се до отстранување на отпадните хемикалии од кругот на ОХИС, А.Д, Скопје.

 

 ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА

 ЖИВОТНА СРЕДИНА

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022