Државниот Инспекторат за животна средина, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, спроведува превентивна мерка за избегнување физичко присуство во просториите на Државниот Инспекторат за животна средина во Скопје и канцелариите во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Гевгелија, Струмица, Кавадарци, Штип и Пробиштип. Тоа е во согласност со вонредните мерки што ги воведе Владата на РСМ за период од 14 дена.
Во таа насока, препорачуваме да се сведат на минимум сите состаноци и да намалат сите директни контакти и воедно апелираме до сите корисници на услуги и информации од Инспекторатот да не доаѓаат во просториите на ДИЖС туку да се обратат телефонски на: 02 3220 187 или на некој од подолу наведените контакт телефони/мејлови...
Инспекциските надзори се одвиваст тековно согласно Годишниот и Месечните Планови за работа на ДИЖС за 2020 година. Инспекторатот по завршување на работното време 8.30-16.30 е во т.н пасивно дежурство на територијата на целата држава...