ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
14.9.2020 | Информација за Охис

Архивски бр.02-сл.

Дата: 14.09.2020г.

 

Соопштение за јавноста во врска со

Проект за Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД “ОХИС” Скопје” — Вагонска цистерна со Винил Хлорид Мономер

 

Во врска со “Проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локациите и производните погони во кругот на АД “ОХИС” Скопје”, ја информираме јавноста дека Винил Хлорид Мономерот беше безбедно и комплетно преточен од старата вагонска цистерна во нова цистерна.

Преточувањето беше извршено од страна на експертскиот тим на CURIUM од Франција, додека пак тимот на Екоцентар 97, Скопје беше надзор и техничка поддршка во целиот процес. Работните активности се одвиваа 9 дена, во една или две смени во зависност од динамичкиот план. За преточувањето беше користена најсовремена опрема донесена од Франција која што секојдневно се тестираше и инертизираше со Азот пред употреба, со цел Винил Хлоридот Мономерот да не дојде во контакт со кислород и да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето или по животната средина.

Преточуваіъето на Винил Хлоридот Мономерот се одвиваше во три фази, односно преточување на течна фаза, преточување на гасна фаза и целосна инертизација на старата вагонска цистерна во која што беше складиран Винил Хлоридот Мономерот со цел да се елиминираат сите остатоци од истиот. При целата постапка на преточување се вршеше континуирано мерење на притисок во цистерните, како и мерење на концентрација на Винил Хлоридот Мономерот во воздухот непосредно до вагонската цистерна со Винил Хлоридот Мономерот и до сите вентили со детектор за гас кој што покажуваше 0 ppm и експлозиометар кој што покажуваше 0% експлозивност. Ја информираме јавноста дека во текот на преточувањето не 6ea испуштени штетни гасови во животната средина.

По завршување на преточувањето беа отворени сите вентили и челниот отвор на старата вагонска цистерна. Повторно беше извршено мерење на токсични гасови и експлозивност непосредно до вентилите на вагонската цистерна од страна на експертскиот тим на CURIUM, Франција при што не беше детектирано присуство на Винил Хлорид Мономерот во воздухот што е знак за комплетно преточување и успешна инертизација.

Во текот на преточувањето, два пати беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот Инспекторат за Животна Средина, беше подготвен записник за констатација за сите активности кои што се одвиваа и не беа констатирани неправилности. Исто така беше извршена контрола од страна на стручно лице за Безбедност и Здравје при Работа при што беше констатирано дека сите присутни носеа соодветна опрема за заштита при работа со опасни материи. За време на преточувањето, се вршеше надзор и контрола од страна на консултантската куќа Еко-мозаик, Скопје и претставник на АД ОХИС во стечај.

Со оваа активност целосно се заврши преточувањето на Винил Хлорид Мономерот-ВХМ од стара вагонска во нова цистерна. Секојдневно се следи притисокот во новата цистерна во која е преточен ВХМ и истиот варира помеѓу 4.5 и 5 бари во зависност од дневната температура. Со оглед на тоа што цистерната е тестирана на 25 бари, од страна на стручниот тим на CURIUM, Франција беше констатирано дека истата е сосема безбедна и нема потреба од понатамошно ладење. Новата и старата цистерна остануваат под 24 часовно обезбедување се додека новата цистерна не биде извезена, а старата цистерна не се врати во фактичко владение на АД ОХИС во стечај. Планирано е цистерната со Винил Хлорид Мономерот да се транспортира до инсенераторот во Германија во почетокот на октомври 2020 година.

Потсетуваме дека најголем дел од опасниот отпад под Проектот за Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД “ОХИС" Скопје” е веќе успешно дислоциран, односно извезен за уништување во инсенератори во европски држави. Останатата количина на хемиски супстанции од околу 10 тони се спакувани во ADR амбалажа соодветна за меѓународен транспорт и уредно складирани во магацин во рамки на ОХИС, Скопје. За преостанатиот отпад веќе беа обезбедени сите потребни дозволи за прекугранично пренесување на опасен отпад, но за жал дозволите истекоа поради ситуацијата со Коронавирусот кога немаше можност да се организира извоз од страна на Екоцентар 97, Скопје. Постапката за вадење на нова дозвола е веќе започната и се очекуваат дозволи од надлежните органи на сите транзитни земји, како и на земјите на извоз и увоз.

 

Со Почит,

 

 

                                                                                                                                                 ДИРЕКТОР

                                                                                                                                              Fejzula Spahija

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022