|
Новости и Активности |
|
26.9.2020 | Информација за Рудник САСА
Архивски бр 02-сл.
Дата 25.09.2020
ИНФОРМАЦИЈА ЗА РУДНИК САСА, СПОГОДБА
Согласно водената постапка за спогодување со Рудник Саса, Македонска Каменица по член 212-г од Законот за животната средина за прекршок од трета категорија по член 212-ж од Законот за животната средина се донесе спогодба за плаќање глоба за правното и одговорното лице, односно 50.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 30% од одмерената глоба за правно лице, за одговорното лице во правното лице односно 15.000 евра во денарска противвредност или вкупно 65.000 евра во денарска противвредност. Глобата треба да биде платена во рок од 8 (осум) дена, а во рок од деведесет дена Рудник Саса да ги исполни обврските дадени како мерки во решението врз основа на водената инспекциска постапка од ден 16.09.2020 година и тоа: Управителот како одговорно лице во правното лице се обрвза да ги исполни мерките со што законска обврска по крајниот рок од решението е да се изврши контролен инспекциски надзор од страна на Државниот Инспекторат за животна средина, Водостопански Инспектор кој ја води инспекциската постапка по овој предмет. За постапката која е водена согласно Законот за животната средина е известен и јавен обвинител по негово барање со пропратна документација од склучена спогодба. За стабилноста на јаловишната брана, Комисијата за брани одржа состанок по електронски пат и за ставот кој ќе го донесе ќе се произнесе во писмена форма до надлежното Министерство за животната средина и просторно планирање.
ДИРЕКТОР
Fejzula SPAHIJA
|
|
|
|
|
|
|