По добиена претставка во законски предвидeниот рок, надлежен Државен Инспектор за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор во правниот субјект "Пејпер Мил" во Кочани.
Во текот на надзорот со Записник за констатација се констатираше дека компанијата постапила по задолжувањата од претходни иинспекциски надзори и инвестирала во намалување на емисиите на загадувачки материи, но сепак се потребни дополнителни подобрувања како и да се направат вонредни мерења на емисии од страна на акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен Инспектор за животна средина кои ќе се реализираат во текот на седмицата помеѓу 9 и13 ноември.