|
Новости и Активности |
|
28.12.2020 | Државниот инспекторат за животна средина нема да дозволи Пејпер Мил да загадува
Државниот инспекторат за животна средина интензивно работи на спречување на загадувањето од Пејпер Мил – Кочани и инсистира на почитување на законите. Од првиот вонреден надзор над инсталацијата на 04.11.2020 година, направени се две мерења (на 13.11.2020 и 02.12.2020) и два пати е констатирано надминување на дозволените вредности.
Промените во процесот и опремата што во меѓувреме ги правеше инвеститорот, не дадоа резултат. Предложена е казна од 20.000 евра, со Решение е наредено да се врши редовно мерење на емисиите, а Пејпер Мил се обврза да инвестира во вреќаст филтер поради повеќекратно намалување на емисиите.
Наредното мерење на емисиите е на 30-ти декември. Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани.
Нема компромис во битката за чиста животна средина.
|
|
|
|
|
|
|