Во акција на ден 30.12.2020 година, државен инспектор за животна средина и инспектор за земјоделство ги лоцираа парцелите на кои гореа стрништа во Кочанско. На сопствениците ќе им биде изречена соодветна санкција.
Со помош на силниот ветер, огновите се приближуваа до куќи, лозја, овошни насади и до една бензинска пумпа. Покрај загрозувањето на човечки животи и материјална штета, црниот и густ чад од запалениот органски отпад на нивите го загадуваше и воздухот, а саѓите се разнесуваа на голема далечина. На терен излезе и Градоначалникот на општина Кочани.
Казните за физичките лица кои палат стрништа се мали и несразмерни за штетите кои ги причинуваат. Потребна е и едукација за граѓаните и систем за собирање на отпад од нивите, како и посеопфатна контрола.