ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
29.12.2022 | ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за административните службеници (,,Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македоноја “ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), а во врска со член 41 став 1 точка 2 и член 41 став 2 Законот за инспекциски надзор (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 102/2019) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 11/2015, 35/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.303/2020), објавува

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022

За унапредување на 1 (еден) административен службеник

 

 

Државниот инспекторат за животна средина, објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

  1.  ИНС 0101Б01001 – Генерален Инспектор за животна средина - 1 (еден) извршител,

- Паричен нето износ на плата: 39.150,00

 

 

Кандидатите за наведеното работно место потребно е да ги исполнуваат следните услови:

 

Општи услови:

  • Државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

-вид на образование:

“Инженерство и технологија” - (Друго инженерство и технологии)

               -стручни квалификации:

  •                  а сите нивоа од категорија Б – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
  •                работно искуство:
    • 1 – најмалку шест години работно искуство по   дипломирањето, од кои најмалку две години како инспектор.

 

Oпшти работни  компетенции:

  • решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни

 

Посебни работни компетенции:

-               активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење

-               активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)

-               положен испит за административно управување  

 

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:

  • потврди за успешно реализирани обуки и/или
  • потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:

  • Да е оценет со оцена ,,А” или ,,Б” при последното оценување на кое бил оценуван,
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • Да поминал најмалку две години на истото ниво и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

-Превземи ја пријавата

Распоред на работно време:

-               Работни денови :  Понеделник – Петок

-               Работно време: 08.30 часот и завршеток на истото во 16.30 часот

 

Заинтересираните административни службеници поднесуваат писмено пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, преку писарницата на Државниот Инспекторат за животна средина до Секторот за координација, општи и правни работи и јавни набавки, како и на службената електронска адреса info@sei.gov.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.

 

Датум на публикување 29.12.2022 година.

Краен рок на аплицирање 02.01.2022 година.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022