ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
29.7.2020 | Информација за инспекциски надзори во Охис

ПРЕДМЕТ:

ИЗВЕСТУВАЊЕ ВО ВРСКА СО ИЗВРШЕНИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРИ ВО ПРАВНИОТ СУБЈЕКТ ЕКО ЦЕНТАР 97, СКОПЈЕ ВО ВРСКА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА БЕЗБЕДНО ОТСТРАНУВЊЕ НА ХЕМИСКИ МАТЕРИИ ОД ЛОКАЦИИ И ПРОИЗВОДНИ ПОГОНИ НА АД ОХИС – СКОПЈЕ

 

Отпаден Винил Хлорид Мономер

 

Во врска со информацијата за испарување од цистерната (сад под притисок) во која што е складиран отпаден Винил Хлорид Мономер објавена на социјалните мрежи на 21.07.2020 година, а се однесува на проектот “Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје”, Државниот Инспекторат за животна средина ја известува јавноста дека кај цистерната постои систем за ладење кој е поставен поради безбедносни причини односно со цел да се одржува температурата на цистерната согласно правилниците за чување на ваквиот вид на хемикалија во сад под притисок. 

За преточување и дислоцирање на Винил Хлорид Мономер Екоцентар 97, Скопје има ангажирано повеќе подизведувачи кои што заедно работат на комплетно решавање на проблемот. Потпишани се договори со правен субјект-Инсенератор (печка за палење отпад) од Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany) и со компанија специјализирана за преточување на ваков тип на опасен отпад од Франција (Curium S.A.S., Montagny, France). Исто така потпишан е и договор со транспортна компанија од Бугарија која што ги има сите потребни дозволи за транспорт на опасен отпад низ земјите на ЕУ.

За преточување на Винил Хлорид Мономер беше планирана посета на инженерите од Curium од Франција и Италија која што требаше да се реализира во втората седмица од месец март 2020 година, но посетата мораше да биде одложена поради глобалната пандемија од COVID-19 вирусот со која што беше зафатена и нашата земја. 

Исто така сакаме ја информираме јавноста дека се набавени и веќе се пристигнати 2 (две) цистерни во кои ќе се преточува отпадниот Винил Хлорид Мономер. Цистерните се со специјализирана намена за складирање и транспорт на Винил Хлорид Мономер и во истите Винил Хлоридот Мономерот ќе се транспортира до крајната дестинација - Инсенераторот во Германија (SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany).

Правниот субјект Екоцентар 97, Скопје веќе има добиено дозвола за извоз на опасниот отпад од Винил Хлорид Мономер (Нотификација за прекугранично пренесување на опасен отпад) од земјата за финален третман – Германија како и од сите транзитни земји низ кои ќе помине праткат и тоа: Србија, Хрватска, Словенија и Австрија. Дозволите (Нотификација за прекугранично пренесување на опасен отпад) се пристигнати во оригинал со важност до 31.03.2021 година.

Согласно препораките добиени од страна на консултаните  од нашата земја и од странство, како и од компанијата преточувач Curium S.A.S., Montagny, France во наредните 2 (два) до 3 (три) месеци нема да има можност да биде направено преточувањето, од безбедносен аспект поради високите температури кои се актуелни во летниот период. Со оглед на сето ова, планираните активности би продолжиле веднаш штом се создадат поволни климатски услови и кога ќе бидат добиени позитивни препораки за здравствената ситуација од која е затекната нашата земја и целиот свет поради состојбата со вирусот COVID 19.

 

              Останат хемиски отпад

 

              Компанијата Екоцентар 97, Скопје континуирано го известува Државниот Инспекторат за животна средина за сите свои активности, додека пак Државниот Инспекторат за животна средина извршува редовни, вонредни и контролни инспекциски надзори.

              Како што и претходно информираме во врска со реализација на проектот во текот на целиот период од страна на Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, во текстот подолу Ве информираме за сите завршени  активности.

-Како прва активност (април 2019 година), беа санирани садовите под притисок со хлор (81 боца и еден контејнер). Садовите со хлор беа натоварени во посебно ADR возило и испратени во специјализирана компанија во Србија каде што се изврши санација на оштетените вентили, а потоа хлорот беше извлечен од садовите со процес на дегазација и соодветно истретиран. Садовите беа исчистени од остатоците од хлор, а потоа вратени во седиштето на ОХИС, Скопје.

-Во месеците јули и август 2019 година,  се изврши преточување на отпадни хемикалии од буриња со непознат состав, Метанол и Акрилонитрил Мономер во посебни ADR амбалажи соодветни за меѓународен транспорт.

Заклучно со месец јули 2020 година,  реализирани се четири од вкупно пет планирани извози на опасниот отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт.  Досега се извезени следните количини на опасен отпад: 

  • 16,7 тони опасен отпад од Метанол и Акрилонитрил Мономер на 14 јануари 2020 година.
  • 17 тони опасен отпад од Метанол на 27 јануари 2020 година .
  • 16 тони опасен отпад од Метанол, Акрилонитрил и отпад од хемикалии со непознат состав на 11 февруари 2020 година.
  • 14 тони опасен отпад од хемикалии со непознат состав на 9 март 2020 година.

Опасниот отпад од сите четири извози е пристигнат и предаден на Валорек Сервисис АГ Базел (Valorec Services AG Basel) Инсенераторот од Швајцарија каде што на безбеден начин ќе се уништи отпадот. Сите нотификации уредно заверени од Валорек АГ, како и CMR транспортниот документ за секој од извозите редовно се доставувани до Државниот Инспекторат за животна средина со кој правниот субект Екоцентар 97, Скопје известува дека во целост се извезени отпадниот Метанол, Акрилонитрил Мономер и Хлор.

              Останатата количина на хемиски супстанции (околу 4,6 тона иницијатори и 5,2  тони хемикалии со непознат состав) се спакувани во соодветна амбалажа (ADR Буриња), уредно складирани во затворен магацин во рамки на ОХИС, Скопје и подготвени за транспорт за што беа обезбедени сите потребни дозволи. Последниот извоз со останатите хемикалии беше закажан за 15 март 2020 (пратка бр.5), но поради новонастанатата глобална пандемија од Коронавирусот, Инсенераторот во Швајцарија престана со работа и извозот е одложен на неодредено време.

Во меѓувреме истече Нотификацијата на Екоцентар 97, Скопје за прекугранично пренесување на опасен отпад која што беше валидна до 31 март 2020 година за овој вид опасен отпад. Во моментов се подготвуваат документи за аплицирање за нова Нотификација од страна на претходно наведениот субјект. Во нормални услови административните процедури за добивање на Нотификација траат 2-3 месеци, но поради глобалната вонредна ситуација и фактот што институциите не работат со полн капацитет може да е потребно повеќе време за одобрување на Нотификацијата од сите транзитни европски земји.

 

     Во продолжение е направен приказ на реализирани инспекциски надзори од страна на Државниот Инспекторат за животна средина кој е надлежен инспекциски орган:

 

(ИП 1-Инспекциска постапка во прв степен и ЗК-Записник за Констатација)

 

  1. ИП 1 ЗК бр. 91, 11.03.2019 година (Вонреден инспекциски надзор по барање на Еко Центар 97, Скопје).
  2. ИП 1 ЗК бр. 15 – 263, 08.07.2019 година (Редовен инспекциски надзор во врска со поседување на Елаборат за животна средина за реализација на проект одобрен од МЖСПП).
  3. ИП 1 ЗК бр. 15 – 299, 30.07.2019 година (Вонреден инспекциски надзор во врска со активности за препакување на отпадот).
  4. ИП 1 ЗК бр. 15 – 338, 26.08.2019 година (Вонреден инспекциски надзор во врска со активности за препакување на отпадот).
  5. ИП 1 ЗК бр. 15 – 434, 08.11.2019 година (Вонреден инспекциски надзор во врска со појава на непријатна миризба во околината на ОХИС, Скопје).
  6. ИП 1 ЗК бр. 15 – 434, 09.11.2019 година (Контролен инспекциски надзор во врска по постапување на задолженијата од 08.11.2019 година).
  7. ИП 1 ЗК бр. 15 – 434, 12.12.2019 година (Контролен инспекциски надзор во врска со постапување по казнен Платен налог).
  8. ИП 1 ЗК бр. 15 – 33, 25.01.2020 година (Вонреден инспекциски надзор во врска со утовар за извоз на отпад).
  9. ИП 1 ЗК бр. 15 – 47, 11.02.2020 година (Редовен инспекциски надзор во врска со утовар за извоз на отпад).
  10. ИП 1 ЗК бр. 15 – 109, 09.03.2020 година (Вонреден инспекциски надзор во врска со утовар за извоз на отпад).
  11. ИП 1 ЗК бр. 15 – 155, 14.04.2020 година (Вонреден инспекциски надзор за предадени отпадни апсорбенси).
  12. ИП 1 ЗК бр. 15 – 161, 06.05.2020 година (Вонреден инспекциски надзор за предавање на празни буриња како опасен отпад).

Државниот Инспекторат за животна средина континуирано врши инспекциски надзори во врска со управувањето со опасниот отпад во ОХИС, Скопје и негов извоз надвор од нашата држава и истовремено ги информира сите засегнати субјекти и граѓани (во комплексот ОХИС постојат повеќе приватни субјекти кои вршат дејност и работат со надворешни странки) кои ќе се најдат во кругот на поранешната фабрика ОХИС, Скопје целосно да ги почитуваат безбедносните мерки за движењето и знаците за известување и опасност.

На линкот http://sei.gov.mk/projects_page_mk.asp?ID=8 се поместени контактите од одговорните лица во Државниот Инспекторат за животна средина со кои може да се комуницира во случај на потреба од пријавување деградација на животната средина, поднесување претставки и тоа 24/7, односно и по завршување на работното време од 8.30 до 16.30 кога сите државни инспектори работат во т.н пасивен режим. Најпрво се проверува веродостојноста на претставката и пријавителот и доколку предметот е во надлежност на ДИЖС се врши вонреден инспекцикси надзор со посебен налог, а доколку е во надлежност на друг орган, согласно законот, истата се препраќа на надлежност. ДИЖС не е одговорен за веродостојноста на информации, аудио и видео материјали кои се објавуваат на социјалните мрежи.

Државниот Инспекторат за животна средина како и секогаш е отворен за соработка со засегнатата јавност, а своите инспекциски надзори ги реализира согласно повеќе од 25 закони и околу 250 подзаконски акти.

 

Со почит,

                                                                                                                                                                                                 ДИРЕКТОР

 

                                                                                                                                                                                               Fejzula Spahija

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022