ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
Твининг Програма
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
16.9.2020 | Соопштение за јавноста во врска со истекување на јаловишен материјал од Рудник Саса во Каменичка река, Македонска Каменица

Архивски бр.02-сл.

Дата: 15.09.2020г.

 

                     Соопштение за јавноста во врска со истекување на јаловишен материјал од Рудник Саса во Каменичка река, Македонска Каменица

 

При вонреден инспекциски надзор  на ден  14.09.2020год.  во правното лице рудник Саса се изврши теренски увид  со фотографирање  и увид во документација од страна на Државен Инспекторат за животна средина, Водостопански инспектор.  Притоа се констатира следното: Во раните утрински часови во 5.45 па се до 7.15 часот се случило испирање на јаловишен песок од 3.000m3 од хидројаловиште бр.4, поради контактна филтрација во десниот бок. Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица  довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било  и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба 

Од страна на Водостопански инспектор понуден е Записник за започнување на постапка за спогодување согласно член 212-ж за Прекршоци од трета категорија, став 1 (Глоба во износ од 100.000 евра во противредност во македонски денари за правно лице) точка 7 од Законот за животната средина, а правниот субјект треба да постапи согласно предложените мерки за заштита  наведени во Записникот за констатација  и Решението во инспекциска постапка кое согласно закон ќе биде доставено во предвидениот рок. Записникот пак за започнување постапка за спогодување е потпишан од управителот на правното лице, а понатамошната постапка продолжува пред Комисија за спогодување при Министерство за животна средина и просторно планирање која ќе донесе конечна одлука.

 

Со Почит,

                                                                                                                                                                       ДИРЕКТОР

                                                                                                                                                                     Fejzula Spahija

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 582/2022 за вработување на 4 државни службеници од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина.
26.11.2022

📍 ...