ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
11.12.2020 | Вонреден инспекциски надзор во кругот на Железара откри дека таму работат фирми без елаборати за заштита на животната средина

Вонреден инспекциски надзор во кругот на Железара откри дека таму работат фирми без елаборати за заштита на животната средина

 

На барање на граѓаните од Гази Баба, Државниот инспекторат за животна средина излезе на терен и направи два вонредни надзора во индустриската зона, каде покрај Макстил, работат и повеќе други правни субјекти. Тие се жалат поради очигледното и високо загадување на воздухот минатата седмица, но и поради бучавата која што доаѓа од кругот на поранешна Железара. Надзорите беа спроведени во соработка со Инспекторатот на Град Скопје, поради споделени надлежности.

 

Првиот надзор беше спроведен на 9 декември, во работно време и беше утврдено јасно прекршување на Законот, односно констатирано дека повеќе правни субјекти работат без елаборати за заштита на животната средина, што значи немаат програма со мерки за заштита на животната средина и надзор врз спроведувањето на мерките. Сите субјекти се задолжени во најкус можен рок да изработат елаборати и да обезбедат одобрение од соодветна институција во согласност со закон.

Вториот надзор беше извршен на 10 декември, во вечерните часови, во присуство лично и на директорката на инспекторатот, Ана Петровска, раководителот на градскиот инспекторат Горан Трајчевски, акредитирана лабораторија и екипа од Канал 5 телевизија. Во тој момент, ниту еден од субјектите во кругот на Железара не работеше, освен Макстил. Инспекторите и централната акредитирана лабораторија на МЖСПП направија мерења на лице место, а резултатите се очекуваат во текот на следните денови.

Во текот на инспекцискиот надзор е побарано објаснување за бучавата на која се жалеа граѓаните на Гази Баба. Беше потврдено дека бучавата доаѓа од Макстил, поточно од електролачната печка за топење на старо железо, која и покрај изолацијата на погонот, создава силни звуци кои пробиваат во надворешната околина. Макстил е задолжен да го води производниот процес на начин кој нема да создава бучава и да го нарушува мирот и спокојот на граѓаните.

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.04.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.04.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.03.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.03.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.03.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.03.2021