ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
16.12.2020 | [Тетово] Казни за горење отпадно масло кое емитува канцерогени материи

На 15-ти декември тим на државни и овластени општински инспектори за животна средина од Скопје и Тетово извршија вонреден надзор во 5 автомеханичарски сервиси во Тетово и Теарце. 

Целта на овие надзори беше да се утврди начинот на постапување со отпадното масло, заменетите филтри и друг вид опасен отпад.

Важно е да потенцираме дека само два сервиси од петте кои беа предмет на надзор имаа валидни транспортни формулари кои ги доставија на увид до инспекторите. Тие формулари се пополнуваат при секое преземање на отпадните масла, на нив се гледа количината на отпадното масло, која фирма го презема и каде се носи на третман.

Кај два сервиси, се констатираше дека отпадното масло се предава на правно лице што поседува дозвола за транспорт на опасен отпад и утврдено е дека маслото не се гори на овие локации.

Во еден од сервисите, увидот заклучи дека повеќе тони отпадно масло се складираат на самата локација, односно дека тоа не се предава на правното лице со кое е склучен договор за преземање и транспорт на опасниот отпад. Резервоарот за екстра лесно масло за горење што се наоѓа во подрумските простории беше празен, а во моментот на надзорот започна негово полнење од цистерна која пристигна на локацијата. На увид беа доставени податоци за горивото. Беше утврдено дека отпадното масло ниту се гори, ниту се продава и на овластеното лице му беше укажано дека мора да го обнови постојниот договор за транспорт на отпадно масло или да склучи нов во рок од 7 дена.

Во два сервиси, каде не беа доставени транспортни формулари за преземање и транспорт на отпадно масло за 2020 година, на локациите истото не се чуваше на соодветен начин. Во еден од двата сервиси беше утврдено дека отпадното масло се гори. Горењето на отпадно масло емитува канцерогени материи. Ова правно лице ќе добие законски утврдена казна.

Сите пет сервиси кои беа предмет на надзор не постапуваат соодветно со отпадни филтри и беа задолжени опасниот отпад да го селектираат и предаваат на овластени компании.

Надлежност за вршење надзор врз автомеханичарски сервиси имаат овластените општински инспектори за животна средина. 
Државниот инспекторат ќе ги задолжи општинските инспектори од цела држава да во најкус можен рок спроведат итни надзори над сите автомеханичарски сервиси за да спречат или санкционираат горење и продавање на отпадно масло.

Нема компромис во борбата за чиста животна средина.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.04.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.04.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.03.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.03.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.03.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.03.2021