ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
29.01.2021 | Контрола на Државниот инспекторат за животна средина во Дојран стил

На 28-ми јануари 2021 година инспектори од Државниот инспекторат за животна средина, во присуство на директорката Ана Петровска, извршија инспекција во Дојран Стил. Инсталацијата за челични производи поседува сертификати за стандардите за управување со животна средина - ИСО 14001 и за енергетска ефикасност. - ИСО 50001.Постојат планови оваа година да се замени фосилното гориво (мазут), што се користи во жаречката печка, со гас.

Досегашните мерења на емисиите во воздухот не биле правени од лабораторија што поседува соодветна акредитација. Затоа наскоро ќе се прават вонредни мерења во присуство на инспектор. Акредитираниот стандард што се применува е гаранција дека мерењето се врши при полн капацитет на производство и дека мерењата ќе бидат меродавни. Евентуални надминувања на граничните вредности ќе значат примена на дополнителни мерки за намалување на емисиите. Ќе се проверува и одводот од платформата за преточување на мазут за да се спречат евентуални хаварии. Неопходно е и подобрување на складирањето на течен отпад.

Се грижиме инсталациите постојано да применуваат висок степен на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните низ целата земја.