ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
08.2.2021 | Инспекциски надзор во ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ

Државниот инспекторат за животна средина на ден 21.01.2021 година изврши координиран инспекциски надзор со Државниот инспекторат за техничка инспекција над правниот субјект ЕУРО ПРОГРЕС ДООЕЛ во с. Долно Коњаре, општина Петровец. Правното лице ископува песок и чакал согласно Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – песок и чакал издадена во 2010, односно 2014 година и Дозволи за експлоатација издадени во 2011 (за блок А), односно 2019 година (за Блок Б).
 
По утврдување на фактичката состојба припосетата на терен, доставен е допис до Управата за хидрометеоролошки работи заради добивање дополнителни информации. Имено, со дописот е побарано да се изврши проверка на усогласеноста со одредбата од Договорот за концесија со која се забранува експлоатацијата на минерална суровина да се врши во крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода.
 
Управата за хидрометеоролошки работи достави прелиминарни податоци за положбата на котата на педесетгодиишните води, која навлегува длабоко во концесиското поле. Од одговорот на Управата,со голема веројатност може да се заклучи дека концесијата е издадена спротивно на Законот за води, односно дека границите на концесијата се во зоната на плавење на реката Пчиња, што впрочем можеше да се види и на терен.
 
За да имаат правна важност, овие податоци ќе треба да се потврдат со дополнителни мерења и вештачења, коишто ќе се реализираат во натамошната инспекциска постапка, но не очекуваме да има разлики помеѓу овој прелиминарен наод и натамошните подетални истражувања.
 
Утврдена е уште една недоследност при доделувањето на Дозволата за експлоатација во 2019 година. Оваа Дозвола е издадена врз основа на одобрен Елаборат за заштита на животната средина со Решение од 2010 година, кој е изработен согласно Правилник за формата и содржината на Елаборати од 2009 година, и покрај тоа што во 2014 година е донесен нов Правилник. Како одговор на допис од Инспекторатот, Управата за животна средина потврди дека за постапки за доделување одобренија и дозволи после 2014 година се применува Правилникот од 2014 година. Очигледно е направен пропуст во постапката, имајќи предвид дека Дозволата за експлоатација (за Блок Б) е издадена во 2019 година, а Елаборатот на кој се повикува оваа Дозвола е од 2010 година, односно не го применува важечкиот нов Правилник.
 
Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжи со собирање докази, со цел преиспитување на Договорот за концесија, односно Дозволите за експлоатација. Во меѓувреме, ќе го известиме Министерството за економија и Министерството за животна средина и просторно планирање за индициите околу прекршувањето на Законот за води. Исто така, имајќи предвид дека Елаборатот за заштита на животната средина за Блок Б од концесиското поле не е усогласен со важечкиот Правилник и истиот не содржи Програма за заштита на животната средина со конкретни мерки, ќе побараме да се изработи нов Елаборат. Додека да се изработи и одобри Елаборатот, ќе побараме од Државната техничка инспекција да наложи прекин на работите на Блокот Б.
 
Понатаму, а врз основа на прибраните докази, Министерството за економија е надлежно да предложи на Владата да го раскине Договорот за концесија.
 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.4.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.4.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.3.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.3.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.3.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.3.2021