ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
18.11.2020 | Известување за кафеавата мечка од ЗОО паркот Бриони - Штип

Дата: 17.11.2020 година

Известување за кафеавата мечка од ЗОО паркот Бриони - Штип

 

Министерството за животна средина и просторно планирање до Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) достави Барање за вршење на инспекциски надзор во ЈП Исар - ЗОО парк Бриони – Штип, во врска со чување на една единка – мажјак, кафеава мечка (Ursus arctos) во несоодветни услови. Од страна на ДИЖС извршени се два вонредни инспекциски надзори во ЗОО Паркот Бриони - Штип, во присуство на претставници од МЖСПП – Управа за животна средина, Секторот за природа како и претставник од Агенцијата за храна и ветерина.

При надзорот се констатира дека кафеавата мечка – Теди се чува во метален кафез со површина од околу 24m2, што претставува мал простор за тој вид животно, односно е спротивно од членот 32 од Законот за заштита на природата. Врз основа на извршените инспекциски надзори од страна на ДИЖС издадено е Решение со задолжување до ЈП Исар - Штип да се обезбедат подобри услови за чување на диви животински видови во заробеништво (во случајов за кафеавата мечка).

Бидејќи врз основа на издаденото решение, ЈП Исар-Штип изјави дека не се во можност да обезбедат подобри услови за живеење на кафеавата мечка, тие веднаш стапиле во комуникација со ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје за нејзино превземање. Барајќи начин како соодветно да го згрижат животното, двете установи склучиле Договор за согласност за преземање на кафеавата и понатаму ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје во соработка со МЖСПП склучиле Договор со фондацијата „Четири шепи“ од Бугарија (Foundation FOUR PAWS Bulgaria) за кафеавата мечка да биде згрижена во Центарот за рехабилитација за кафеави мечки “Танцувачки Парк за Мечки”, Белица, Бугарија со што ќе се обезбедат потребните услови за згрижување на ова диво животно. Веднаш по склучувањето на Договорот (01.09.2020 година) ЈУ Зоолошката градина на Град Скопје продолжила со собирање на потребната документација од надлежните органи и држави за извоз на кафеавата мечка. Со добивањето на CITES дозволата за извоз на кафеавата мечка од 09.09.2020 година од страна на МЖСПП и комплетирањето на целосната документација кафеавата мечка на 04.11.2020 година е транспортирана во Бугарија.

ДИЖС изврши контролен инспекциски надзор во ЈП Исар – Штип и редовен инспекциски надзор во ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје при што е проверена целосната документација во однос на преземањето на кафеавата мечка од ЈП Исар - Штип и предавањето во Фондацијата “Четири шепи” во Бугарија. Исто така, утвредно е  дека транспортот се одвивал добро и кафеавата мечка во добра состојба била пуштена во Центарот за кафеави мечки во Белица, Бугарија која постепено се адаптирала во нови поприродни услови за живеење.

 

 

ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ

ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Методите на една од двете лаборатории што мереа во Пејпар Мил не се прифатливи
16.01.2021

Државниот инспекторат за животна средина ја информира јавноста дека наредбата за забрана на корис ...

Државниот инспекторат за животна средина нареди Пејпар Мил да работи на плин
06.01.2021

По мерењата на емисиите од 30-ти декември 2020 година, повторно се утврди надминување на гранични ...

Акција на ДИЖС на опожарени стрништа во Кочанско
31.12.2020

Во акција на ден 30.12.2020 година, државен инспектор за животна средина и инспектор за земјоделс ...

Две лаборатории мереа загадување на оџакот во Пејпер Мил во присуство на инспектор
31.12.2020

Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина, на ден 30.12.2020 година, извршија надзор ...

Државниот инспекторат за животна средина нема да дозволи Пејпер Мил да загадува
28.12.2020
Вонреден инспекциски надзор на депонијата во Визбегово по претставки од граѓани
24.12.2020

По претставки од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина, на 23-ти декември, изврши вон ...