ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
19.12.2020 | Предлог за одземање на Б интегрирана дозвола на погон за горење гуми и пластика во ШТИП

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден надзор врз „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП на 17.12.2020г., по преставка на Министерството за одбрана поднесена на 11.12.2020г., за да се утврди влијанието врз лицата што престојуваат во воените објекти: стрелиште Пенуш и полигон Криволак. Ова е нивна втора преставка. Првата била поднесена на 30.09.2020г. но никој не презел ништо, ниту информацијата била пренесена до новата ВД Директорка Ана Петровска.

Локацијата на објектот се наоѓа во атарот на градот Штип, во поранешна вoена база на КФОР, на оддалеченост од 8,5 километри од центарот на градот и 2 км од селото Пенуш. На надзорот беше констатирано дека не се применуваат одредбите утврдени со Б интегрираната дозвола број УП I бр.18/17-136 во ниеден аспект од технолошкиот процес, видот на постројкатаили начинот на складирање на суровините и готовиот производ.

Со дозволата се предвидува отпадна гума и пластика да се горат во затворен процес со пиролизана 450-550оС, при што доаѓа до хемиско раложување и добивање течна фракција – нафта и цврст остаток, а не се врши емисија во воздухот, поради применет систем за ладење(базен и ладилна кула). Била предвидена постројка што спаѓа во најдобри достапни техники,со систем за автоматскадекомпресија, автоматскопразнење на талог и безопасни и незагадувачки продукти.

При надзорот беше утврдено дека инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата. При такви процеси вообичаено се испуштаат канцерогени гасови (фурани и диоксини), кои делуваат на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици.

На локацијата беше видливо дека складирањето на готовиот производ и суровините не се врши на соодветен начин. Течното гориво добиено од горење на гумите се чуваше во цистерни на пелети, наместо да се чува на водонепропусна подлога, што истовремено ќе обезбеди доволен волумен за собирање на потенцијално излеана течност. Пепел од согорувањето, што потенцијално содржи токсични материи, беше собран во џамбо вреќи и складиран на земја во локацијата. Управиителот на објектот информираше дека локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација.

Поради сите утврдени пропусти, Државниот инспекторат за животна средина даде Предлог до општина Штип (која ја издала дозволата) за одземање на Б интегрирана дозвола на погонот за горење гуми и пластика „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП.

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Државниот инспекторат за животна средина во акција во Националниот парк Маврово
05.03.2021
Надзор во РЕК Битола за намалување на загадувањето
25.02.2021

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот извршен на 23-ти февруари ги утврди состојб ...

Надзор во РЕК Битола за намалување на загадувањето
25.02.2021

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот извршен на 23-ти февруари ги утврди состојб ...

Државните инспектори за животна средина на стручен колегиум за поефективни надзори
22.02.2021

На првиот стручен колегиум во 2021 година, инспекторите договорија постапки и правила со цел надз ...

Санација на депонијата Русино од март, надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина
19.02.2021

На координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на ...

Санација на депонијата Русино од март, надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина
19.02.2021

На координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на ...