ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
24.12.2020 | Вонреден инспекциски надзор на депонијата во Визбегово по претставки од граѓани

По претставки од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина, на 23-ти декември, изврши вонреден инспекциски надзор на „дивата” депонија во Визбегово. Депонијата нелегално се полни со смет и постојано гори, ослободувајќи гасови кои ги дразнат грлото и очите.

Беше утврдено прекршување на Законот за управување со отпад.

До депонијата се пристапува преку земјен пат што се одвојува од патот Визбегово-Шуто Оризари, а пристапот се контролира преку капија што се заклучува.

Во моментот на надзорот капијата беше отворена, за да се пропушти камион кипер од општина Шуто Оризари да исфрли отпад. Инспекторите утврдија дека од двете страни на пристапниот пат се депонира градежен шут, комерцијален и индустриски отпад, додека на крајот од патот депонијата се проширува и завршува во огромна дупка што се исполнува со различни видови отпад, вклучително и комунален. Долж патот, а особено на проширувањето на депонијата, беа видливи траги од опожарување. Отпадот депониран покрај дупката тлееше на повеќе места. Беа присутни лица кои одделуваа пластика од депонираниот отпад. Возачот на камионот и лицето кое ја отворило капијата информираа дека киперот фрлил земја за да изврши прекривање на отпадот што се пали, но инспекторите утврдија дека земјата беше истурена покрај дупката.

Инспекторите одржаа состанок со Градоначалникот на Општината Шуто Оризари, за да му укажат за обврските на општината што произлегуваат од членот 41 од Законот за управување со отпад. Имено, градоначалникот е должен да ја одржува јавната чистота и да постапува со напуштениот отпад во неурбанизираниот дел од општината. Градоначалникот извести дека депонирањето на отпад нелегално го вршат правни и физички лица и дека општината е немоќна тоа да го спречи.

Државниот инспекторат ќе испрати барање до Градоначалниците на Општина Шуто Оризари и Град Скопје да преземат итни мерки за расчистување на депонијата и за соодветно уредување на земјиштето.

Депонијата во Визбегово не смее да гори и мора да се исчисти!

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Методите на една од двете лаборатории што мереа во Пејпар Мил не се прифатливи
16.01.2021

Државниот инспекторат за животна средина ја информира јавноста дека наредбата за забрана на корис ...

Државниот инспекторат за животна средина нареди Пејпар Мил да работи на плин
06.01.2021

По мерењата на емисиите од 30-ти декември 2020 година, повторно се утврди надминување на гранични ...

Акција на ДИЖС на опожарени стрништа во Кочанско
31.12.2020

Во акција на ден 30.12.2020 година, државен инспектор за животна средина и инспектор за земјоделс ...

Две лаборатории мереа загадување на оџакот во Пејпер Мил во присуство на инспектор
31.12.2020

Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина, на ден 30.12.2020 година, извршија надзор ...

Државниот инспекторат за животна средина нема да дозволи Пејпер Мил да загадува
28.12.2020
Вонреден инспекциски надзор на депонијата во Визбегово по претставки од граѓани
24.12.2020

По претставки од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина, на 23-ти декември, изврши вон ...