ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
31.12.2020 | Две лаборатории мереа загадување на оџакот во Пејпер Мил во присуство на инспектор

Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина, на ден 30.12.2020 година, извршија надзор во кочански Пејпер Мил и при мерењето на емисии од оџакот, како што се очекуваше, чадот што се испушташе беше прозирен и со помал интензитет. Тоа се должеше на специјален режим на комбинирано согорување на метан и пелети во однос 60% метан и 40% пелети при производството на хартија. Две лаборатории, од 09:30 до 16:00 часот вршеа мерење на прашина и отпадни гасови, во присуство на инспектор.

Откако заврши мерењето, во вечерните часови, инспектор се врати повторно на локацијата.
Чадот беше со истиот слаб интензитет, проѕирен, односно непроменет во однос на периодот кога се вршеа мерењата.

Од резултатите на мерењата кои се очекуваат во текот на наредната недела ќе зависи дали ќе се нареди горење исклучиво на метан или ќе се применат други мерки. Доколку со овој режим на работа не се надминат граничните вредности за емисии, истиот ќе мора да се одржува до вградување на филтерот.


Мерењата ќе продолжат и во наредниот период за да се обезбеди почитување на законските одредби и наредбите на Инспекторатот.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Државниот инспекторат за животна средина во акција во Националниот парк Маврово
05.03.2021
Надзор во РЕК Битола за намалување на загадувањето
25.02.2021

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот извршен на 23-ти февруари ги утврди состојб ...

Надзор во РЕК Битола за намалување на загадувањето
25.02.2021

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот извршен на 23-ти февруари ги утврди состојб ...

Државните инспектори за животна средина на стручен колегиум за поефективни надзори
22.02.2021

На првиот стручен колегиум во 2021 година, инспекторите договорија постапки и правила со цел надз ...

Санација на депонијата Русино од март, надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина
19.02.2021

На координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на ...

Санација на депонијата Русино од март, надзорот ќе го врши Државниот инспекторат за животна средина
19.02.2021

На координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на ...