ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
16.01.2021 | Методите на една од двете лаборатории што мереа во Пејпар Мил не се прифатливи

Државниот инспекторат за животна средина ја информира јавноста дека наредбата за забрана на користење на котелот на пелетиво Пејпар Мил произлегува од надминувањето на граничните вредности на емисии утврдени сомерења на акредитирани лаборатории од 13.11.2020 година, 23.11.2020 година и 30.12.2020 година.

Со мерењата спроведени на 13.11.2020 годинаи 23.11.2020 година од ЕУРОМАК-КОНТРОЛ во присуство на државен инспектор за животна средина,утврдени се две последователни надминувања на граничните вредности и тоа: 183.93 mg/m3и 198.53mg/m3прашинанад дозволените 150mg/m3, како и 1097,2 односно 1468 mg/Nm3јаглероден моноксид наспроти 500mg/Nm3.

Мерењата од 30.12.2020 година спроведени од страна наФармахемДООЕЛ Лабораторија за животна средина и Лабленд лабораторија за животна средина (Лабексперт ДООЕЛ од Бугарија) значително се разликуваат. Имено, Фармахем измери 726mg/m3 прашина над дозволените 150mg/m3 и над 3205 mg/Nm3 јаглероден моноксид, повеќе од дозволените 500 mg/Nm3. Лабленд измери 74mg/m3 прашина или речиси десет пати помалку од Фармахем, додека измерените концентрации на јаглероден моноксид изнесуваат 5745 mg/Nm3,повеќе од дозволените 500mg/Nm3.

Државниот инспекторат за животна средина ангажираше оценувач и достави барање до Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за анализа на резултатите на мерењата. Со помош на оценувачот и издаденото стручно мислење на Институтот за акредитација, се утврди дека бугарската лабораторијаЛаблендза мерење на емисии на прашина го користела методот EN 13284-1 чијшто мерен опсег е под  50 mg/m3, а издадени се  резултати надвор од мерниот опсег на методата(74mg/m3). Понатаму, за мерење на емисиите на штетни гасови (јаглерод моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, јаглерод диоксид) лабораторијатаЛабленд не користи референтни  методи, односно користи интерна метода ВЛМ 01:2016 за која нема докази за еквивалентност со стандардни референтни методи, а што е пропишано со член 12 од Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори (Службен Весник на РСМ, бр. 176 од 26.8.2019 година). Имајќи предвид дека опсегот на акредитираните методи на Лабленд не е во согласност со барањата на наведениот Правилник, Државниот инспекторат за животна средина не можеше да го прифати извештајот на оваа лабораторија.

Државниот инспекторат за животна средина претходно ги анализираше и утврдените гранични вредности за емисии на прашина со измената на А интегрираната дозвола УП1-11/3-1362/2019, издадена на ден 24.03.2020 година. Затоа побаравме од Министерството за животна средина и просторно планирање измена на граничните вредности, односно наместо 150mg/m3тие да изнесуваат 50mg/m3, односно да бидат во согласност со Правилникот за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарните извори во воздухот (Сл.Весник 141/2010) Прилог 3, точка 2 и тоа: ГВЕ при согорување во ложишта со топлинска моќ од 1 до 50 MW на дрво, дрвени брикети и отпадоци од земјоделски култури. Доколку се прифати ова барање и граничните вредности за емисии на прашина се спуштат до50mg/m3, тогаш и кај резултатите на мерењата на Лабленд ќе има надминувања.

Државниот инспекторат за животна средина се залага за целосно почитување на законските прописи. Нема да дозволиме загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните.