ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
04.02.2021 | Надзор по претставки во Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Скопје

Во текот на изминатите денови, Државниот инспекторат за животна средина доби бројни претставки за емисии во воздухот од Институтот за физикална терапија и рехабилитација во Капиштец преку новата алатка за пријавување загадување. Затоа на 3-ти февруари се спроведе координиран надзор со инспектори за животна средина од Градот Скопје и од Дирекцијата за заштита и спасување.

Беше констатирано дека болницата работи без Елаборат за животна средина, која е обврзана законски да го поседува, по што веднаш беше задолжена да го изработи во најкус можен рок, а оџаците од котлите на мазут да се чистат редовно, согласно со Правилник во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Чистењето оџаци го подобрува согорувањето и го намалува загадувањето. За постапувањето со медицински отпад немаше забелешки.

Исто така, неопходно е да се спроведат мерења на емисиите во воздухот од страна на акредитирана лабораторија и да се подобри одржувањето на котелот, кој е во видливо лоша состојба. По обезбедување финансиски средства во најитен можен рок, треба да се напушти горењето мазут и да се премине на природен гас, да се вградат сончеви колектори и да се подобри енергетската ефикасност.

Државниот инспекторат за животна средина продолжува со надзори во јавните институции во координација со овластените општински инспектори.
Пријавите од граѓаните се корисни и добредојдени, со заедничка акција до почиста животна средина.