ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
10.02.2021 | Заштитата на животната средина во гигантот РЕК Осломеј на самите маргини

На 9-ти февруари, Државниот инспекторат за животна средина изврши редовен надзор во термоцентралата РЕК Осломеј. Инсталацијата има доставено Барање за добивање А интегрирана еколошка дозвола во 2007 година, но истата се уште не е издадена. Затоа надзорот се изврши согласно Законот за животна средина, Законот за управување со отпадот и Законот за квалитет на амбиентниот воздух.

При надзорот, по увид во извештај за мерења од страна на акредитирана лабораторија, беа утврдени надминувања на граничните вредности за емисија на прашина, иако отпрашувањето се врши преку електростатски филтер. Од старата депонија, отстранетата сува пепел која се складирала од електростатскиот филтер, се разнесува во услови на ветер. Согласно Оперативниот план од Барањето за добивање А интегрирана еколошка дозвола, инсталирано е водено отстранување на пепелта од електростатскиот филтер, па смесата на мокра пепел и шљака од котелот на јаглен се отстранува на депонија/лагуна формирана во јама од рудникот. Преливните води од лагуната се испуштаат во реката Темница и притоа не се врши мерење на нивниот квалитет. На рудникот се отстранува и комунален отпад и отпадни гумени ленти од транспортерите за јаглен. Санитарните и технолошките отпадни води се пречистуваат, но капацитетот на пречистителната станица не задоволува. Од 2016 година не се обновени договорите со лиценцирани компании за постапување со посебни текови на отпад, а постапувањето со отпадни масла не е сооодветно. Исто така, хемикалиите за припрема на вода не се чуваат безбедно. 

РЕК Осломеј ќе се задолжи емисиите на прашина да ги доведе во рамките на граничните вредности, да изврши мерења на преливните води од депонијата за пепел и шљака и да склучи договори со лиценцирани компании за постапување со отпад. Потоа, мора да ги подобри условите за складирање на отпадни масла и хемикалии и да се отстрани комуналниот отпад и отпадот од бескрајните гумени ленти за транспорт на јагленот. Санацијата на старата депонија за пепел и проширувањето, односно реконструкцијата на пречистителната станица, бараат поголеми финансиски средства и за спроведување на овие мерки ќе биде неопходно да се утврдат реалистични рокови.

РЕК Осломеј е голем загадувач што мора да се услогласи со законски утврдените стандарди за заштита на животната средина, а државата мора да вложува средства за намалување на загадувањето.

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.04.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.04.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.03.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.03.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.03.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.03.2021