ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
22.02.2021 | Државните инспектори за животна средина на стручен колегиум за поефективни надзори

На првиот стручен колегиум во 2021 година, инспекторите договорија постапки и правила со цел надзорите да бидат потемелни, поадекватни и поефективни. Колегиумот се одржа на 19-ти и 20-ти февруари во Демир Капија, а учество зедоа и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Поважните одлуки се однесуваат на донесување интерни акти за:

  • Постапувањето во случај на законски празнини, преклопувања на надлежностите, несоодветно постапување на овластените инспектори за животна средина на локално ниво
  • Координацијата помеѓу водостопанските и инспекторите за животна средина
  • Подготовките и стандардните постапки при надзор врз инсталации со различен ризик за животната средина
  • Постапувањето во случај на хаварии, потребата од обука на инспекторите за мострирање и набавка на соодветна опрема
  • Надзорот врз непрописните депонии што ги одржуваат јавните комунални претпријатија, како и врз сите правни и физички лица што постапуваат со опасен и неопасен отпад

Инспекторите споделија искуства и за специфични случаи за кои е потребно поширокаопсервација, собирање на докази и соработка со други институции.

Стручни колегиуми ќе се одржуваат секој месец, а во март координацијата помеѓу инспекторите ќе се интензивира, со цел да се дадат предлози до Министерството за животна средина и просторно планирање за финализирање на Законот за инспекциски надзор во животната средина.

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.04.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.04.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.03.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.03.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.03.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.03.2021