ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
25.02.2021 | Надзор во РЕК Битола за намалување на загадувањето

Државниот инспекторат за животна средина при надзорот извршен на 23-ти февруари ги утврди состојбите во однос на заштитата на животната средина во термоцентралата РЕК Битола. Овој комбинат се’уште нема добиено дозвола за усогласување со оперативен план, а рокот за нејзино издавање е истечен во 2019 година. Инспекторатот со соочува со потребата надзорот да се врши согласно одделните закони, наместо да го следи спроведувањето на одредбите од дозволата на интегриран начин. Со Законот за животна средина што е во собраниска процедурасе продолжува рокот, што ќе овозможи Нацрт А дозволата за усогласување со оперативен план, која е во финална фаза, да биде веднаш издадена.

Со увид во извештаите од мерењата на концентрации на загадувачки материи во амбиентниот воздух што се вршат на три станици (во селата Дедебалци,Гнеотино и Рибарци), се утврди дека не се регистрирани отстапувања од дозволените концентрации за ПМ 10 и ПМ 2,5, сулфур диоксид и азот диоксид во последните 6 месеци.Меѓутоа,емисиите на прашина и сулфурен диоксид што се мерат на двата оџаци ги надминуваат граничните вредности, а надминати се и максималните вкупни емисии што се утврдени со Националниот план за намалување на емисиите кој произлегува од Договорот со Енергетската заедница.Наместо во 2018 година да се постигнат 15,855 тони сулфур диоксид, реалните емисии биле 53,855 тони, или надминувањето на максималната утврдена вредност (“плафон”) изнесувало 3.40 пати. Во 2019 година лимитот од 15,855 тони сулфур диоксид е надминат 6.81 пати, а емисиите изнесувале 108,033 тони.Во 2018 година лимитот на емисии на прашина од 1,738 тони е надминат 2.06 пати, а во 2019 година а во 2019 година истиот е надминат 2.17 пати. Заради непочитувањето на Договорот со Енергетската заедница земјатанајверојатно годинава ќе плаќа казни, наместо навреме да ги направи потребните инвестиции.

За намалување на емисиите на сулфур диоксид (преку десулфуризација или друга соодветна метода), потребни се околу 180 милиони евра што не се обезбедени, ниту е познат изворот на финансирање. Сулфур диоксидот е гас што може да реагира со влажноста во воздухот формирајќи сулфурна киселина.Високите концентрации на оваа загадувачка супстанција, во вид на кисели дождови, предизвикуваат закиселување на почвата и водите, намалување на биодиверзитетот и загрозување на здравјето на населението, и тоа на огромна оддалеченост од изворот на емисиите.Вкупните емисии на сулфур диоксид делумно ќе се намалат со планираната гасификација на првиот блок, но доколку другите два блока продолжат да користат јаглен и мазут како гориво, неопходно е итно да се започне со инвестирање во десулфуризација и изведба на систем за континуиран мониторинг на емисиите.

Други поважни мерки се намалувањето на фугитивните емисии од депонијата на јаглен и рекултивацијата на коповите во рудникот за јаглен, како и подобрувањето на пречистувањето на отпадните води.

За намалување на емисиите на прашина во тек е спроведување на јавна набавка за реконструкција нафилтрите.По изведувањето на предвидените работи, вредностите на емитираната прашина ќе бидат под 50 mg/m3. Ќе се воспостави и заштитен зелен појас со садење тополи и багреми. 

По извршениот надзор РЕК Битола се задолжи:

  • Континуирано да ја контролира прашината што се јавува од депонијата за пепел од филтрите
  • Соодветно да го складира и обележува опасниот отпад како и да ја заврши изведбата на платото за складирање на искористена амбажажа од отпадни масла

Откако РЕК Битола ќе ја добие дозволата за усогласување со оперативен план, инспекторите ќе обезбедат навремено спроведување на утврдените мерки за намалување на загадувањето. Непочитувањето на утврдените рокови ќе биде сооветно санкционирано.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.04.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.04.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.03.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.03.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.03.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.03.2021