ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и Активности
 
13.03.2021 | Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работи, на 5-ти март направи контрола на запалена трска на струшкото крајбрежје на потегот кон с. Калишта. Оваа нелегална активност на палење трски, со цел формирање плажи или платформи на крајбрежјето, е честа во март и април.


Со цел да се спречи оштетување на природното наследство – Охридското Езеро и крајбрежјето од палењето трски, Државниот инспекторат за животна средина на 12-ти март иницираше соработка со општина Струга и Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Струга.

Началникот на ОВР Струга ќе ги зајакне патролите и во соработка со Државниот инспекторат за животна средина ќе се изрекуваат казни за сопствениците на парцелите што граничат со државно земјиште на кое е запалена трска.


Началникот извести и за насипување земја на крајбрежјето и во самото езеро во близина на изгорените трски. Државниот инспекторат ќе покрене кривична пријава против познат сторител за „загрозување на животната средина и природата со отпадни материи”, врз основа на посетата на терен и документацијата од истрагата што е спроведена од страна на ОВР Струга.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.04.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.04.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.03.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.03.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.03.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.03.2021