ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
ИНДУСТРИИ
 

1.Вовед

Операторите  кои вршат активности од кои може да произлезат влијанија врз здравјето на луѓето и на различни области од животната средина (воздух, вода, почва и подземни води) преку емисии на загадувачки супстанции, како: емисиите на стакленички гасови, бучава и вибрации и производство на отпад, треба да се усогласат со барањата на животната средина утврдени во законодавството за животна средина за споменатите области. Некои од операторите поседуваат специфични еколошки дозволи (на пример ИСКЗ-А, ИСКЗ-Б, елаборати). Во случаите на инсталации со ИСКЗ дозволи, интегрираните еколошки дозволи се издаваат вклучувајќи ги одредбите и условите за сите области од животната срдина. Целта на инспекцијата е да провери дали операторот работи во согласност со позитивните законски прописи и со условите утврдени во дозволите, каде што тоа е случај. ИСКЗ-А инсталациите и инсталациите кои се во опсегот на Поглавје XV од Законот за животна средина за заштита и контрола на големи несреќи кои вклучуваат опасни супстанции имаат дополнителни барања во врска со инспекциите (на пример, зачестеноста на редовните инспекции, планирање на инспекциите, обврската да се направат јавно достапни некои информации).

Овој текст не е правно обврзувачки. За точните одредби, ве молиме погледнете ги релевантните делови од Законот за животна средина, Законот за инспекциски надзор, материјалните Закони (вода, отпад, воздух, заштита на природата ...), достапно на интернет страната во секцијата “релевантни документи”

Тука може да најдете информации за:

На оваа веб страница има и  дел за често поставувани прашања  (ЧПП/FAQs). Некои од овие прашања се релевантни за операторите.

Ако имате некои сугестии за подобрување или сакате да ги претставите добрите практики, ве молиме споделете го тоа преку дигиталното поштенско сандаче на веб страницата на ДИЖС (d.blinkov@sei.gov.mk).

 

2.Права и обврски на операторот во текот на инспекциите

Правата на операторот во текот на инспекциите се:

• Операторот има право да даде коментари и забелешки на записникот и забелешки во однос на законитоста на постапката на инспекцискиот надзор или на работата на инспекторите, како и за точноста на утврдените факти и фактичката состојба, во писмена форма, со образложение за причините и оправданоста на фактите.

• Операторот има право да не прифати да го потпише записникот од  инспекцијата, ако тој не се согласува со фактите кои се наведени во записникот или извештајот или ако претходно споменатото право да дава забелешки му е оневозможено, иако одбивањето на потпишување на записникот или извештајот не го попречува натамошното спроведување на постапката на инспекцискиот надзор.

Обврските на операторот во текот на инспекциите се:

• Операторот е должен да му обезбеди на инспекторот непречено вршење на инспекцијата и да му ги стави на располагање сите податоци и документи кои се потребни за вршење увид.

• Операторот е должен да му ги овозможи на инспекторот сите услови за непречено водење на инспекција и за утврдување на фактите на фактичката состојба.

• Операторот е должен да му овозможи на инспекторот, во рамките на одреден временски период дефиниран од страна на инспекторот, пристап до просториите, производите, документите или било какви други предмети што се предмет на инспекција.

• Операторот е должен, врз основа на писмено барање на инспекторот, да ја стопира работата во текот на инспекцискиот надзор, ако е невозможно  инспекторот да го врши увидот на било кој друг начин и да ги утврди фактите на фактичката состојба.

• Операторот е должен, врз основа на писмено барање на инспекторот и во рок и време наведено во барањето, да обезбеди точни и целосни податоци, извештаи, материјали или други документи кои се потребни за вршење на инспекциски надзор.

3. Што може инспекторот да прави во текот на инспекцијата?

Во текот на извршувањето на инспекцијата инспекторот има овластување да:

• Ги провери општите и посебните акти, фајлови, документи, докази и информации во врска со предметот на инспекцискиот надзор и да побара од субјектот на надзорот или одговорните лица од неговите вработени да се подготват потребните примероци и документи. Ако таквите документи првично се на странски јазик, тие треба да бидат преведени на македонски јазик со кирилско писмо и заверени од судски преведувач.

• Врши надзор во службените простории и други објекти кои не се користат за живеење, како и транспортните средства и производи.

• Ги провери документите за идентификација на лицата за утврдување на нивниот идентитет во согласност со закон.

• Побара од операторот или од неговите вработени писмено или усно објаснување во врска со прашањата кои се однесуваат на инспекцискиот надзор.

• Побара од операторот или од неговите вработени да ги достават сите податоци кои им се на располагање од нивните добавувачи.

• Побара стручно мислење  од независни институции/консултанти за специфичните прашања кога тоа е потребно за инспекцискиот надзор и негово извршување.

• Побара од операторот да се изврши дополнително земање мостри преку акредитирана лабораторија за да ги прегледа уште еднаш резултатите за следење, или во случај на незгода / несреќа. Земањето на овој примерок е одговорност на инспекторот. Кога се работи за примерок кој не е вклучен како дел од земање мостри во планот за мониторинг, ова ќе биде финансирано од страна на институцијата на која припаѓа инспекторот. Во случај на несреќи вториот примерок мора да се плати од страна на операторот. Во овој случај, операторот треба да избере сертифицирана лабораторија од веб страната на Институтот за акредитација на Република Македонија. (www.iarm.gov.mk).

• Ги контролира активностите на операторот за време на продажба на производи или давање на услуги.

• Обезбеди аудио и видео снимки кои може да се користат во вршењето на инспекцискиот надзор.

  • Направи листа на попис на постојните стоки и производи во деловните простории и објекти.

  • Обезбеди други потребни докази.

 

4. Опис на инспекција на лице место

4.1. Зачестеност на посетите на лице место

Зачестеноста на редовни посети на лице место е направена врз основа на проценката на ризикот пресметано со специфичен софтвер (ИРАМ) кои се користат од страна на инспекциските служби во ЕУ. Ова е, исто така, во согласност со пристапот на Инспекцискиот Совет  (ИC) и законодавството на ЕУ.

За проценка на ризиците на индустриската активност се користи следнава дефиниција: Ризикот од одредена активност во планирањето на  инспекцијата се дефинира како (потенцијално) влијание на активноста врз животната средина или здравјето на луѓето за време на периоди на неусогласеност со прописите утврдени со закон или со условите од дозволата.

Постојат различни методологии за да се утврди ризикот. Во Македонија се користи методот на Интегрирана проценка на ризикот (ИРАМ). Резултат на оваа процена на ризикот е листата на инспектирани објекти со зачестеноста на инспекциите на лице место. Во овој пристап, базиран на ризикот, повеќето инспекциски напори ќе се фокусираат на капацитети со највисок ризик (највисокиот ризик - прво). Деталните информации за критериумите и опис на ИРАМ може да се најде во деловите 2.3 и Анекс 10 од Правилникот за планирање, инспекција и спроведување на правото на ЕУ за животната средина во на следниот линк:

http://sei.gov.mk/projects_page_mk.asp?ID=6

На ризикот може да се влијае од страна на група на фактори, на пример работата на операторот (однесувањето на усогласеноста и имплементација на системот за работа за управување со животната средина)  се зема во предвид. Ова значи дека зачестеноста делумно се дефинира од страна на ефикасноста на операторот.

Во прилог на редовните инспекции, вонредните или контролните за следење (follow-up) може да се извршиат, како функција на добиени претставки, неусогласености откриени за време на инспекциите, како и инциденти или несреќи кои се случуваат во инсталациите.

4.2. Различни инспекциски модалитети

Различни модалитети на инспекција може да бидат извршени:

• инспекции за да се потврди усогласеноста со интегрирана еколошка дозвола ИСКЗ на инсталацијата. Усогласување со условите кои се однесуваат на сите области од животната средина кои се инспектираат, како и другите услови утврдени во дозволата во врска со примената на најдобрите достапни техники (НДТ) за ИСКЗ-А инсталации, вклучително енергетска ефикасност, мерки за намалување на потрошувачката на вода и суровини,  производство на отпад, итн.

• Инспекции за да се потврди усогласеноста со законодавството или со специфични услови од дозволите поврзани со една (или повеќе) области на животната средина (на пример, отпад).

• Координирани инспекции: за време на една инспекција, инспекторите од неколку инспекторати да соработуваат едни со други, да се потврди усогласеноста со законодавството и условите утврдени во дозволите кои произлегуваат од различни области, главно на животната средина,  труд, безбедност (на пример, инсталации кои се во опсегот од Поглавје  XV од Законот за животна средина за заштита и контрола на големи несреќи кои вклучуваат опасни супстанции), со цел да се насочат на инспекциски процедури.

4.3. Административна проверка

Во случај инспекторoт да  мора да направи административни проверки за време на инспекцијата, може да се започне со предавање на листата со документи што инспекторот сака да ја види. За редовните инспекции, инспекторот ќе треба да побара таква листа на документи пред инспекција, ако е можно. Некои документи може да се поднесат од страна на операторот по барање на инспекторот да го стори тоа во рамките на предвидениот рок.

Во текот на административната проверка, следниве точки може, на пример, да се проверат:

  • Идентификација на лицето одговорно за прашањата за животната средина и мониторинг
  • Работни саати (работно време) на инсталацијата
  • Ажуриран план на фабриката, која укажува на:
    • Производствени линии
    • Пречистителна станица за отпадни води
    • Точки на испуштање на отпадна вода
    • Точки на емисии во воздухот
    • Области за складирање на отпад
  • Операции за одржување - регистар;
  • Регистар за влезен отпад / излезен отпад и документите кои ги придружуваат пратките на отпад на овластени управители со отпад, вклучувајќи договори, сертификати и сл
  • Документи за поддршка на податоци за електрична енергија, вода, гориво, суровини и потрошувачката на материјали.
  • Само-мониторинг. Инспекторите ќе се фокусира на следните точки:
    • Проверка дали операторот врши само-контрола или не.
    • Споредување споредување дали тоа го прави во согласност со дозволата, односно проверка на зачестеноста, измерените параметри, опремата што се користи (ако тоа е континуиран мониторинг, како во случај на големи електрани, презентација на резултатите прикажани во реално време ќе бидат проверувани од страна на инспекторот, се пишува во извештајот што се проверувало).
    • Проверка дали се користат референтните методи за земање примероци и дали се прават мерења и анализи.
    • Проверка дали акредитирана лабораторија направила земење примероци и анализи.
    • Проверка дали граничните вредности не се прекршени - во случај операторот да доставува извештаи до инспекциски орган, на редовна основа, ова ќе се врши во текот на канцелариските/десктоп-студии или за време на посетата.
    • Проверка на други релевантни параметри на емисии - тоа се параметри кои го мерат нивото на емисии на индиректен начин, на пример, износот на боја што се користи, количеството на горивото што се согорува; може да има, исто така, некои параметри за карактеризирање на суровини кои се од суштинско значење (на пример, процент на сулфур во јагленот што се користи како гориво), и како тие влијаат врз нивоата на емисии.
    • Инспекторите може да одлучат да бидат на лице место кога се земаат примероци по случаен избор да се осигураат дека тоа е направено на вистински начин.
  • Известување на надлежниот орган во врска со несреќи и инциденти.
  • Систем за управување со животната средина (ЕМС) уверение или документација. Ако ЕМС е пропишан со дозволата, инспекторите ќе ја проверат усогласеноста со оваа состојба и ќе се фокусира на значајни аспекти од животната средина и на неусогласеностите пронајдени од страна на ревизорите, нивните следења/follow-up и промените воведени во постапките за да бидете сигурни дека такво неусогласување нема се случи повторно, имајќи предвид дека во секој случај дозволата е референтниот документ. ЕМС може да даде дополнителни информации за  општата слика на перформансите во животната средина на капацитетот; но во секој случај испитувањето на ЕМЅ не може да ја замени  инспекцијата во животната средина.
  • План за мониторинг вклучен во Одлуката за Оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и нивните последни резултати и извештаи за усогласување со условите (ако се применува).

4.4. Физичка инспекција

Физичката инспекција вклучува визуелна инспекција, собирање на докази и земање примероци.

За личната безбедност на инспекторите, тој или таа треба да ги почитуваат внатрешните прописи за безбедност на инспектираниот објект. Ова може да ја вклучува и потребата од носење шлем или заштитна облека (на пример при увидот во некој дел на производна линија за храна или хемиска индустрија), како и движењето по посебни патеки во фабриката. Операторот е должен да обезбеди инспекторот со соодветна заштитна опрема, ако е потребно.

 

4.4.1. Визуелна инспекција и прибирање на докази

При извршување на визуелна инспекција, следните локации се важни:

  • Директната околината на инсталацијата: да се види дали има траги од загадување од страна на инсталација (на пример, напуштениот отпад, прашина, емисии во воздух, состојба на водотеците што можат да бидат собирачи на отпадни води, системи на соодветно одвојување на дождовницата од загадената вода).
  • Производните линии: да се види дали инсталацијата работи за време на посетата и до кој степен; овозможува прво визуелно оценување на можните влијанија врз животната средина.
  • Точки на емисија во воздух и вода: за да се провери дали нивниот број и позиции се во согласност со дозволата.
  • Сета потребна опрема која се користи за заштита на животната средина (на пример, филтри за воздух, третман на отпадни води во постројката, изградена бариери за спречување на истекувања од резервоарите за складирање, заштита на почвата, итн.)
  • Области и објекти кои се користат за складирање на отпад. Во случај на опасниот отпад, сите мерки за безбедност и на заштита од истекување (ако буриња се затворени, или доколку отпадот е спакувани на соодветен начин, превентивно истекување на подземните води) и на неконтролираното одложување во животната средина ќе бидат проверени.

Имајте на ум дека, барем во случај на ИСКЗ инсталација, визуелна инспекција не само што ќе вклучува техники "на крајот на цевките", туку и некои други аспекти што НДТ ги смета како ефикасно користење на енергијата. Ова може да вклучува прашања за проверка како што се опрема за енергетска ефикасност, но исто така, на пример изолациски слоеви на цевките за пареа.

Се што може да се најде за време на инспекции може давреди да се собира и да се третира како доказ и мора да биде приложенo кон извештајот. Генерално како "доказ" се подразбира:

  • Фотографии, како и видео клипови.
  • Усна и писмена изјава на операторот и на вработените.
  • Извештаи за земање примероци, како и извештаи од лабораториски анализи.
  • Забелешки / извештаи за визуелна инспекција.
  • Документи: како што се извештаите за животната средина, регистри, резултатите од само-контрола. Во случај на прекршоци вреди да се прават копии и да се приложуваат во извештајот,  што ќе послужи како доказ во случај на подоцнежн постапка.
  • Протоколи од интервјуата.

 

4.4.2. Земање примероци и лабораториски анализи

Во случај ако инспекторот, по анализата на условите од дозволата и мониторинг извештаите за следењето и земањето примероци, смета дека има потреба да се изврши дополнително земање  на мостри за да се направи повторна проверка на резултатите од мониторингот, или во случај на незгода / несреќа, тогаш тој или таа може да побара од операторот (преку акредитирана лабораторија) повторно земање примероци во одредени точки. Тој или таа ќе се координираат и ќе го надгледуваат спроведувањето на земање мостри кога персоналот од акредитираната лабораторија доаѓа да земе примероци.

Доколку операторот, за време на земањето примероци за анализа, не побара земање на примерок за втора анализа, тој нема право да ги обжали резултатите од анализата.

Операторот може да ги обжали резултатите од анализата на првиот примерок преку барање да се изврши анализа на вториот примерок (земени во исто време и со користење на истите средства) во рок од три дена од денот на доставувањето на резултатите од анализата на првиот примерок.

Ако резултатите од анализата на вториот примерок не се во согласност со резултатите од анализата на првиот примерок, анализата на вториот примерок се смета за правосилна.

Последниот предуслов е анализа на вториот примерок да не може да се делегира на стручната институција која ја спровела анализата на првиот примерок.

Исто така, може да се случи инспекторот да не се согласува со резултатот од анализата на вториот примерок. Ако ова е случај, тој или таа може, во рок од три дена од денот на добивањето на овие резултати, да побара т.н. „супер-анализа„ на третиот примерок (земени во исто време и со користење на истата опрема како и за првиот). Не постојат пишани критериуми за "супер анализа", тоа ќе биде изведено во согласност со експертската проценка на инспекторот

Втората и третата анализа треба да биде направена од страна на  овластена лабораторија различна од онаа што го зела/извршила анализа на првиот примерок. Ако ова не е достапно во Република Македонија, примероците треба да се испратат во сертифицирана лабораторија надвор од земјата. Трошоците за овие анализи треба да бидат покриени од страна на институцијата на која припаѓаат инспекторите.

Ве молиме забележете дека стручната институција што ги направила претходните анализи не може да ја врши суперанализата, освен ако не постојат други институции за вршење на овие анализи и / или доколку инспекторот и операторот се согласуваат да се делегира  анализата на еден од институциите кои веќе извршиле анализа .

4.5. Области

Следниве области ќе бидат проверени:

  • Емисиите во воздухот, вклучувајќи и стакленички гасови.
  • Емисии во водата.
  • Емисии во почвата и подземните води.
  • Емисии на бучава и вибрации.
  • Влезен отпад / излезен отпад, складирање и трансфер надвор од локацијата.
  • Потрошувачка на енергија, гориво, суровини, вода и други ресурси.

Имајте на ум дека барем во случај на ИСКЗ А инсталации, визуелна инспекција не ги вклучува само погоре наведените теми, туку, исто така и усогласувањето со интегрираната  еколошка дозвола во врска со примената на најдобрите достапни техники (НДТ) спомнати во дозволата, на пр. енергетската ефикасност: на тој начин точната имплементација и функционирање на кој било НДТ ќе биде инспектирана (на пр. процесните единици за производство, системите за рециклирање итн.).

4.6. Координирани инспекции

Законот за инспекциски надзор дефинира ситуации кога спроведувањето на координирани инспекции вклучува неколку инспектори од инспекциските служби кои се засегнати и задолжени (на пример, животната средина, труд, заштита и спасување). Во однос на администрирање на такви случаи, соодветните инспектори се должни да:

  • Да ја објавуват инспекциската посета однапред.
  • Да ги консолидираат плановите за работа и програми и да ја испланитаат координираната  инспекција.
  • Да разменат искуства и мислења за консолидирање на средствата и методите на работа и други прашања.
  • Да одржат заеднички состаноци, консултации, совети и други форми на заедничка соработка.
  • Да ги информираат другите надлежни државни органи за спроведувањето на соодветните прописи, кога инспекциските служби ќе најдат наоди релевантни за тие прописи при вршењето на надзорот.

Изготвени се протоколи за спроведување на таквите координирани инспекции во однос на работната, животната средина и заштита и спасување, извршени за контрола за проверка на усогласеноста со законодавството за спречување и контрола на хаварии што вклучуваат опасни материи.

5. Затворање и следење (follow-up) на инспекцијата

5.1. Забелешки, записник и потпишување

На крајот од посетата за инспекција, инспекторот организира средба за затворање. За време на состанокот инспектор дава свои забелешки и ги запишува во краток "извештај", во записникот и ги потпишува. Записниците исто така се доставуваат до операторот и од него се бара да го потпише записникот ако се согласува. Ако операторот одбие да го потпише записникот, инспекторот ќе ги наведе причините за одбивањето.

Меѓутоа, кога поради обемот и сложеноста на вршењето на инспекцискиот надзор, или  природата и околностите, и записникот не може да биде изготвен за време на инспекцискиот надзор, записникот се изготвува во канцелариите на инспекциската служба во рок од три дена од денот на надзор и се наведуваат причините за задоцнувањето. Исто така, примерок од записникот се доставува до операторот на потпишување. Ако операторот не постапи по поднесениот записник или не го врати потпишаниот примерок на инспекторот во рок од осум дена од денот на приемот на записникот, се смета дека операторот е согласен со записникот за увид. Ако некој оператор одбие да го потпише записникот, инспекторот ќе ги наведе причините за одбивањето.

5.2. Одлука

Ако во текот на инспекцискиот надзор, инспекторот утврди дека некој закон или друг пропис е прекршен, тој или таа треба да издаде т.н. решение:

Две паралелни постапки можат да бидат дефинирани во Решението:

  • Поставување на упатства на операторот за преземање мерки во дадени рокови. Инспекторот треба да го подготви решението врз основа на фактите утврдени при инспекцијата, најдоцна во рок од осум дена од денот на завршувањето на инспекцискиот надзор.
  • Во зависност од видот на  откриениот прекршок, инспекторот може да побара започнување на прекршочна постапка, постапка на посредување или кривично дело.
  • При помали случаи, размена на писма може да се покаже доволно. Инспекторот може да напише писмо со барање за објаснување на специјалниот проблем и операторот треба да  одговори. Ако одговорот е задоволителен ова треба да биде крај на проблемот.

Во исклучителни околности, за да се отстранат веднаш состојбите кои претставуваат загрозувањена животот или здравјето на лушето, инспекторот утврдува мерки за контрола, може и со усно решение за време на посетата, кога тој или таа ќе оцени дека тоа е потребно. Во такви случаи, инспекторот е должен да подготви писмено решение во рок од три дена од денот на донесувањето на усното решение.

Може да се поднесе жалба против решението на инспекторот во рок од осум дена од денот на приемот на решението, ако  пократок рок не е утврден со закон.

5.3. Заклучок

Постапката на инспекцискиот надзор завршува со изготвување на заклучок. Заклучокот се користи за решавање на проблемите кои произлегуваат во текот на постапката на инспекцискиот надзор. Писмен заклучок не се издава само за извоз на стоки, онаму каде што контролата не започнала во Република Македонија (во таков случај само се пополнува т.н. D4 формулар).

Заклучокот мора да биде испратен до операторот во рок од осум дена. Доколку операторот не е задоволен со заклучокот, тој или таа има право да се поднесе жалба.

При увидот, ако нема утврдени грешки или грешките се отстранети за време на инспекцијата, т.е. до изготвување на заклучокот, инспекторот е должен да донесе заклучок за прекин на постапката.

6. Релевантни документи

6.1. Законодавство

Во делот „Законодавство„ на веб страницата на ДИЖС (http://www.sei.gov.mk/page_mk.asp?ID=2) достапни се и закачени се релевантните законски акти.

Тоа се следниве закони:

  • Закон за животна средина
  • Закон за инспекциски надзор
  • Закон за Води
  • Закон за Заштита на природата
  • Закон за заштита од бучава
  • Закон за квалитет на амбиенталниот воздух
  • Закон управување со отпад
  • Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори
  • Закон за управување со пакување и отпад од пакување
  • Закон за управување со електрична и електронска опрема и електричен и електронски отпад
  • Закон за генетски модификувани организми
  • Закон за контрола на емисиите на испарливите органски соединенија од користење на нафта .- Закон за управна постапка
  • Закон за прекршоци
  • Кривичен законик и Закон за кривична постапка
  • Закон за формирање на Државна Комисија за одлучување во второстепена постапка во областа на инспекцискиот надзор и прекршочни постапки

Освен тоа, на веб страницата на МЖСПП (http://www.moepp.gov.mk) има исто така линк до релевантното законодавство. Информации за Правилниците може да најдете на веб странизата на Службен Весник на РМ (www.slvesnik.com.mk)

6.2. Инспекциски листи на податоци и листи за проверка

Обрасци за инспекциските листи за проверка се подготвени како алатка за да им помогне на инспекторите да ја вршат својата работа кога ќе  посетат инсталации на некои сектори. Покрај овие листи подготвени се и листи на податоци каде што се дава краток вовед во индустријата и  нејзиното влијание врз животната средина. Таквите документи може да се преземе од следниот линк: http://sei.gov.mk/projects_page_mk.asp?ID=6 .

6.3. Други релевантни линкови

- Инспекциски Совет (ИC): http://is.gov.mk/

- Стопанска Комора на МАкедонија: Стопанска комора на Македонија

- Меѓународни стопански комори на Македонија: ICC Macedonia | National Committees | Worldwide Membership | ICC - International Chamber of Commerce

- Сојуз на македонски стопански комори: http://sojuzkomori.org.mk/en/

- Стопанска комора на северозападна Македонија: http://oemvp.org/en/

- Организација на вработувачи на Македонија (Завод за вработување?): Organization of Employers of Macedonia

-Заедница на единиците на локалната самоуправа на Република МАкедонија (ЗЕЛС): Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата
30.01.2020

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во ...

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС
29.01.2020

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС

...

АД "ОХИС" збирна информација
16.12.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ...

Соопштени до медиумите - Демант
03.12.2019

Информација за медиуми