Мисија 3.1.4: Завршна мисија за подобрување на ИТ алатки за поддршка на инспекторите за животна средина: следни чекори
Во периодот помеѓу 25ти и 29ти јули, 2016 година, хрватските експерти г-ѓа Jasminka Drazenovic и г-ѓа Anita Pokrovac Patekar и полскиот експерт г-дин Adam Nadolski, ја реализираа последната мисија за поддршка на развој на ИТ алатки за Државниот инспекторат за животна средина.
Врз основа на повратните информации добиени во текот на изминатата недела од Постојаниот твининг советник од македонска страна и консултантите од ИТ компанијата која го развива Софтверот за управување со бизнис процесите (BPMS) за Државниот инспекторат за животна средина, беа доставени само некои дополнителни препораки за подобрување на системот (препораките од претходните мисии доставени остануваат валидни).
На експертите им беше доставен нацрт прирачникот за корисници на BPMS системот кој беше надградуван уште од претходната мисија одржана во мај, и истиот е ревидиран. Повеќето препораки дадени во текот на претходната мисија во мај, се земени предвид при ажурирање на прирачникот. Сепак, дадени се неколку сугестии за натамошо подобрување пр. да се вклучи дел (или посебен прирачник) за администраторот со објаснувања за соодветни активности кои тој/таа треба да ги преземе.
На корисниците им се дадени сугестии како да се надминат некои слабости на сегашниот BPMS систем за кратко време, со цел да се обезбеди негова одржливост. Исто така се дадени и препораки и концепти за Услови за работа за наредни поврзани проекти (и/или договори за набавка) за подобрување на хардверот и софтверот од страна на инспекторите за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина, кои беа вклучени како дел од резултатите добиени во рамките на мисијата 1.1.6 во кои како главна цел е да се обезбедат сугестии за потенцијални наредни активности во делот на спороведување во животната средина.
Дополнително, на барање на Постојаниот твининг советник:
- Направен е преглед на документот “Водич за формирање на катастар на животна средина“ изработен во рамките на Проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите на законодавството за животна средина на локално ниво“ дали предлозите дадени во наведениот документ се компатибилни со препораките дадени во претходната мисија од оваа компонентата на твининг проектот, мисија 3.1.3.б.
- Доставена е информација за законските барања и имплементација во Хрватска и Полска кои се однесуваат на реставрација на рудници, како основа за препораки кон подобрување на практики за реставрација на рудници и каменоломи во Република Македонија.
Материјали: