Во рамките на предметната програма по предметот Меѓународна заштита на животна средина, на 20.3.2015 год. студентите со предметниот наставник вон. проф д-р Марина Малиш Саздовска реализираа посета на Државниот Инспекторат за животна средина, каде имаа средба со директорот Фирус Мемед, инспекторот Дарко Блинков и Cesar Seoanez постојан твининг советник на твининг проектот за поддршка на Инспекторатот.
Притоа беа презентирани и анализирани актуелните состојби во сферата на инспекцискиот надзор во Република Македонија, како и меѓународните аспекти на заштитата на животната средина и тековните проекти во таа област. Со оваа средба се потврди извонредната соработка која се реализира со Државниот инспекторат, за која се надеваме дека има можност да се продлабочи во иднина, особено заради фактот што во овој инспекторат веќе се ангажирани дипломирани криминалисти од Факултетот за безбедност- Скопје.