Во периодот од 31ви август до 4ти септември 2015 година, италијанскиот експерт, г-дин Romano Ruggeri и холандските експерти, г-дин Bram Segijn и г-ѓа Alena Groenen ja дефинираa програмата за обука која ќе се спроведува во останатите мисии во рамките на Твининг проектот наменети за обуки и започнаа со дефинирање и подготовка на материјали за обука кои ќе се користат во рамките на програмата за обука.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани деталниот план за работа, структурата на резултатите кои треба да бидат подготвени, потребните и достапните информации, како и можните главни области на преклопување / интеракција / заеднички активности за обука и експерти од сличните проекти.
Предложената програма за обука беше презентирана и за неа се дискутираше со координаторот за обуки во областа на животната средина од ЗЕЛС како и со локалните овластени инспектори за животна средина. Исто така, беа разменети информации и со претставници на проектот од техничка помош "Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво", со цел воспоставување на основа за координација на програмите за обука во двата проекта.
Документи:
1_3_2_Agenda.doc
Програма за обука за инспекција (септември)