ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
17.09.2015 | Мисија 3.1.1: Анализа на постоечкиот систем за управување со процесот на работа (BPMS)

Во периодот помеѓу 14ти и 17ти септември, шпанските експерти,  г-дин José Francisco Alonso Picón и г-дин José Gil de Bernabé го поддржаа Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) при тестирање и планирање на активностите за целосна имплементација и одржување на системот за управување со процесот на работа (BPMS) анализирајќи го софтверот кој е во постапка на тестирање, а правејќи проценка на потенцијалните слаби точки и области за негово понатамошно развивање.

Беше финализиран извештајот за проценка и имплементција на системот за управување со процесот на работа во ДИЖС, вклучувајќи ја оценката на имплементација на акцискиот план и предлозите за подобрување (доколку е применливо) и одржување на истиот. 

Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани клучните чекори за имплементација на BPMS системот кој ги поддржува инспекциските власти за животна средина во регионот Галиција (Шпанија), истакнувајќи ги добрите практики и научените лекции. Исто така беше одржан состанок и со ИТ експертите кои го дизајнираат  BPMS системот за ДИЖС.

Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа исто така дискутирани  и можните содржини за наредните мисии поврзани со BPMS системот на ДИЖС (мисиите 3.1.2- 3.1.4).

Документи:

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ДИЖС презема превентивни мерки за заштита од Корона вирусот
12.03.2020

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата
30.01.2020

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во ...

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС
29.01.2020

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС

...

АД "ОХИС" збирна информација
16.12.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ...

Соопштени до медиумите - Демант
03.12.2019

Информација за медиуми