Во периодот помеѓу 19ти и 22ри октомври, шпанската експертка г-ѓа Maria Jesús Mallada и грчкиот експерт, г-дин Dimitris Tsotsos го прегледаа документот „Иснпексциски план, листи за проверка и упатства“ за управување со отпад, кој беше изработен во рамките на проектот EuropeAid/128552/C/SER/MK „Зајакнување на административните капацитети на државно и локално ниво за имплементација и спроведување на законодавството за управување со отпад“ со цел да се издвојат оние делови кои ќе ги користат инспекторите за животна средина во форма на корисна информација и листи за проверка.
Беше изготвен првиот нацрт на листи за проверка за инспекција за два различни текови на отпадот: (i) листа за проверка за отпадни масла, (ii) листа за проверка за постројки за управување со отпад од возила надвор од употреба. Беше извршен и финален преглед на алатката на IMPEL -Waste Watch и вградувајќи ги измените.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна исто така беа дискутирани следните чекори вклучувајќи ја агендата за наедната мисија 1.2.6.
Документи:
