Во перидот од 16ти до 19ти ноември, 2015, шпанските експерти г-дин Manuel Salgado и г-дин Carlos Bernácer подготвија упатство за тоа како треба инспекторите за животна средина да постапуваат во случај на незгода или несреќа што може да влијае врз животната средина вклучувајќи и изработка на формулари за записник за соодветната инспекција. Тие истотака подготвија првичен нацрт документ со предлози за индикатори на перформансите за оценување на работата на инспекторите и за Државниот инспекторат за животна средина.
За време на мисијата, германскиот експерт, г-дин Horst Büther одржа дводневна практична обука на кор групата составена од 3 државни инспектори за животна средина и 8 локални овластени инспектори за животна средина на тема циклус на планирања инспекции и употреба на алатката IRAM за оценка на ризикот. материјалите за обуката поврзани со темите беа доставени до учесниците. Г-дин Büther исто така подготви формулари за пополнување во ексел формат за секоја инсталација, клучните податоци со цел да се оцени ризикот според IRAM и Прирачник за корисници на софтверот на IRAM во вид на еден ворд документ и две презентации на кои е прикажано како да се спроведат клучните точки од страна на инспекторот и од страна на координаторот на IRAM.
Со Постојаниот твининг советник и со Постојаниот твининг советник од македонска страна исто така беа дискутирани следните чекори вклучувајќи ја и агендата за 2.1.7 мисијата:
Документи: