ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
10.4.2016 | 1.4.3 – Студиска посета на Холандија

Во периодот помеѓу 4ти и 8ми април, 2016 година, делегација од Република Македонија ја реализираше третата и последна студиска посета во рамките на овој Проект во Холандија. Делегацијата посети неколку компании од различни сектори како примери на добра практика во областа на инспекција во животната средина и спроведување на прописите од страна на компаниите поврзани со  животната средина.

Групата беше составена од 11 претставници од Државниот инспекторат за животна средина, од Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници од неколку општини од Република Македонија кои беа пречекани од страна на проектниот лидер на јуниор партнерот од Холандија, г-дин  Rob Kramers, и тим од инспектори за животна средина како и експерти од ИнфоМил, од Министерството за инфраструктура и животна средина и Регионални агенции за животна средина, со цел размена на добри практики и искуство во спроведување во животната средина со посебен акцент на области од ИСКЗ/ИЕД, организација на надлежните тела и прекуграничен транспорт на отпад помеѓу холандските и македонските партнери.

Беа реализирани посети на неколку институции како што се Регионалната агенција за животна средина на Областа на канали на Северното море и Регионалната агенција за животна средина на централен и западен Брабант  и Царинската управа на пристаништето во Ротендам. Исто така беше презентирано како работи Академијата на холандскиот центар на знаење за животна средина и нејзината организација како и презентација на холандскиот Инспекциски совет.

Групата беше поделена на две подгрупи кои два дена остварија серија на инспекции заедно со холандските инспектори (секоја подгрупа оствари по една инспекција на ден) и тоа: инспекција на постројка за согорување на отпад (AfvalEnergieBedrijf во Амстердам), две инсталации за обработка на метал (MX3D  и Balkonhekken onderneming), кланица (Van Vion) и постројка за производство на асфалт (Van Rasenberg).

Групата имаше можност да посети и пиварница во Делфт, да се запознае со прекуграничен транспорт на отпадот во Ротердам, како и посета на компанија за суви стоки на големо и нивен превоз (EMO).

Поврзани документи:

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022