ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
22.4.2016 | Петти состанок на Надзорниот комитет 22/04/2016

На Петтиот состанок на Надзорниот комитет  се направи преглед на напредокот на проектот во периодот од 12 јануари до 11 април 2016 година, а се претстави и програмата до крајот на проектот (до 11 август 2016 година). Состанокот се одржа на 22 април 2016 година во Скопје, во присуство на македонскиот, шпанскиот и холандскиот лидери на проектот, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, ЦФСД,  Делегацијата на ЕУ, Секретаријатот за европски прашања, проектот за техничка помош "Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво" и проектниот тим.

По поздравните зборови од страна на лидерот на македонската страна на проектот, г-дин Фирус Мемед, лидерот на проектот од шпанската страна, г-дин Алонсо PICON ја истакна одличниот напредок постигнат во последните 3 месеци, преку спроведување на голем број мисии, завршување на сите придружни материјали за инспектори и оператори предвидени со проектот, како и отпочнување со програмата за обука која ќе продолжи до крајот на проектот.

Беше усвоен Записникот од Четвртиот состанок на Надзорниот комитет. За време на состанокот беа презентирани од страна на РТА: Кварталниот извештај бр. 5; Оперативното придружно Писмо бр. 6 и главните резултати остварени во последниот квартал за оценување на Управниот одбор . Општиот напредок на проектот беше оценет како добар. Беа наведени главните резултати: постојано ажурирање на веб-страницата на ДИЖС и активности за видливост,  финализиранприрачникот за инспекциски надзор; изготвени секторски листи на податоци и листи за проверка за инспекциите (12 сектори); обуки за индустриските процеси и првите пилот инспекции; изготвен Предлог Законот за инспекција во животната средина подготвен да се испрати до Собранието; финализирани предлози за индикатори за оценка на инспекторатот и инспекторите; обновен BPMS системот за проценка и дадени предлози за следните чекори ДИЖС; информации што треба да се обезбедат на индустриите, дефинирање на јавно достапниот инспекциски извештај; извештај со препораки за превенција, контрола и управување со загадувањето на почвата; извештај за инспекциски работи во врска со законодавството на ЕУ за транспорт на отпад.

Исто така беа презентирани успесите од навремено потпишување на Адендумот 2 и спроведувањето на последниот студиски престој, во Холандија.

Повторно беше разговарано за тоа дека постои потреба за усогласување на постојниот Закон за инспекциски надзор и Предлог законот за инспекциски надзор за животна средина преку континуиран дијалог на сите институции кои имаат свои претставници во Надзорниот одбор со Инспекцискиот Совет,  и беше побарана поддршка во оваа смисла, од страна на проектниот тим. Претставникот на Секретаријатот за европски прашања (СЕП), г-ѓа Надица Андоновска, информира дека ЕК заклучила на состанокот на под-комитетот дека нацрт-Законот за инспекција на животната средина треба да биде одобрен во 2016 година, па СЕП ќе го поддржи одобрувањето на Законот. Г-дин Мемед побара да има писмени информации на оваа тема, за да се искористи поддршката за време на законодавната постапка.

На состанокот одржан истиот ден со Инспекцискиот совет пред состанокот на  Надзорниот одбор, исто така се коментираше, со повратни информации од таа институција за предлозите за понатамошна соработка кои треба да се очекуваат следната недела. Беше предложено да се состави записник од таа средба, и да се обезбеди писмена информација за примерот на Инспекцискиот Совет на Холандија.

Поврзани документи:

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022