Во периодот помеѓу 7ми и 10ти јуни, 2016 година, шпанските експерти г-ѓа Mari Luz Macho и г-дин Agustín Diaz во рамките на мисијата 2.1.9, реализираа обука наменета на градење на капацитетите на инспекторите во делот на земање на примероци и за оценувае на извештаите од само-мониторирање на индустриските оператори, особено во случај на емисии во воздухот и излевања на водата.
Обуката воедно беше искористена како можност да се промовира дискусија и вмрежување меѓу учесниците. За таа цел, во целната група беа вклучени не само инспектори на централно и на локално ниво, туку и пишувачи на дозволи, претставници на повеќе одделенија од Министерството за животна средина и просторно планирање, индустриските оператори и претставници на акредитирани лаборатории.
На 7ми јуни, 2016 година, завршија последните подготовки за 3 дневната обука која беше реализирана според следниот редослед:
- 8ми јуни, (Скопје): Теоретска обука за емисии во воздухот и земање примероци.
- 9ти јуни, (Скопје): Практична обука за употреба на мобилен мултигас анализатор, и теориска обука за мониторинг на испуштања на вода и земање на примероци (дел1).
- 10ти јуни, (општина Дојран и Дојранско езеро): теоретска оза мониторинг на изпуштања на вода и земање на примероци (дел 2), и практична обука за користење на опрема за индикативни мерења на вода наменета за државните инспектори за животна средина.
Последниот ден, групата бење поздравена од страна на градоначалникот на општина Дојран.
На барање на некои учесници на обуката, беше изработен и првичен нацрт документ, упатство со кратки насоки и совети , како и препораки базирани на претходна пракса, за подобрување на различни аспекти поврзани со извештаите за земање примероци и само-мониторинг кои се однесуваат на контрола на еколошките перформанси на индустриските активности.
Документи: