Почетната фаза на Твининг проектот, чија имплементација официјално започна на 12 јануари 2015 година, е веќе завршена.
Првата мисија, во која учествуваа еден експерт од Шпанија, Хесус Анхел Осио, и еден експерт од Холандија, Марк ду Меин, се одржа во периодот од 22 до 26 февруари 2015 година.
На сликата: двајцата експерти (десно) се сретнаа со Раководителот на Проектот од македонската страна Фирус Мемед (во средина), заедно со Постојаниот Твининг Советник од страната корисник (RTA Counterpart) Дарко Блинков, Асистент на RTA Lidija Fajdiga и RTA Сесар Сеоанес.