Како резултат на меѓусебната соработка помеѓу Твининг проектот и Инспекцискиот совет, а поддржано од Секретаријатот за европски прашања и Делагацијата на ЕУ во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, на 7ми јули, 2016 година, беше организирана информативна презентација.
Целта на оваа презентација беше: а) да се презентира примерот како Државниот инспекторат за животна средина ги искористи неколкуте можности од подршката од ЕУ (Твининг проект и Договор за набавка) за да ги зголеми своите капацитети, б) да се подигне свеста на инспекторатите во Македонија за различни видови на постоечките алатки кои се финансираат од ЕУ (Твининг, техничка помош TAIEX ...), а се достапни за нив,и в) да се информираат инспекторатите за клучните чинители кои се вклучени и извори на информации кои се достапни во случај да се заинтересирани да побараат некаква поддршка од ЕУ.
На презентацијата беа вклучени претставници од инспекторатите во Македонија, како и персоналот на сектори или одделенија на ЕУ на соодветни министерства или државни тела кои се поврзани со инспекторатите.
По поздравните говори од страна на директорот на Државниот инспекторат за животна средина, г-дин Фирус Мемед и г-дин Mauro di Veroli (раководител на оперативниот дел во Делегацијата на ЕУ), свои презентации имаа г-дин Дарко Блинков (Државен Инспектор за животна средина и Постојан твининг советник (РТА) од македонска страна), г-ѓа Јадранка Иванова (Раководител на Сектор за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање), г-ѓа Орхидеја Kaљoшевска (државен советник во Секретаријатот за европски прашања) и г-ѓа Иринка Ќoсeвa (вршител на должноста претседател на Инспекциски советот).
Документи:





