ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
13.12.2019 | Информација за вонреден инспекциски надзор извршен во ТИТАН Цементарница Усје АД Скопje на ден 12.12.2019г. во врска со употребата на алтернативни горива RDF

  Во врска со употребата на алтернативните горива RDF (Refuse Derived Fuel) за производство на клинкер во ротирната печка на Цементарницата Усје АД Скопје, Државниот инспекторат за животна средина на ден 12.12.2019г. во 10 часот започна вонреден инспекциски надзор во цементарницата  при што констатира дека ТИТАН Цементарница  Усје АД Скопje поседува дозвола за увоз на алтернативното гориво RDF (Refuse Derived Fuel) со бр. УП1-11/2-159/2019 од 29.05.2019г. во количина од 10.000 тони (тарифен бр.382590 90 33) за цела 2019 година. Досега во 2019г. има увезено само 5.000 тони од споменатото алтернативно гориво. Пратката е обезбедена со Меѓународна нотификација според Базелската конвенција за нејзино прекугранично движење преку земјите во Европската Унија. Алтернативното гориво RDF (Refuse Derived Fuel) потекнува од фирмата DECO S.P.A- Preveza, Италија.

      Покрај ова алтернативно гориво кое ТИТАН Цементарница  Усје АД Скопje го користи во количина од 8%-10% од вкупната енергетска моќност на вкупното горивото, како RDF се користат и лушпи од оризова арпа набавени од Кочанскиот регион во Република С.Македонија.

     На 10.12.2019г. во Цементарницата Усје АД Скопје пристигната е пратка на парчиња текстил во количина од 5,98 тони, набавени од фабриката Adient  за производство на навлаки за седишта во автомобилската индустрија. Фабриката се наоѓа во просториите на поранешен Johnson Control во ТИРЗ-Штип во Република С.Македонија. Пратката е обезбедена со потребната документација за транспорт според нашето Национално Законодавство (Транспортен и идентификационен формулар). Парчињата текстил пробно би се употребувале како алтернативно гориво.

   За употребата на алтернативни горива ТИТАН Цементарница  Усје АД Скопje од МЖСПП има добиено Измена на А-Интегрираната еколошка дозвола за усогласување со оперативен план бр.11-1227/3 од 22.05.2013г.

     Од добивањето на оваа измена, а и претходно, Државниот инспекторат за животна средина  во Цементарницата Усје АД Скопје редовно врши редовни инспекциски надзори во секој квартал од годината, а почесто и вонредни инспекциски надзори, зависно од потребата. Последен пат ДИЖС во Цементарница  Усје АД Скопje има извршено вонреден инспекциски надзор на 12.11.2019г.

      Во моментот на вонредниот инспекциски надзор, извршен на 12.12.2019г. работеше само едната ротирна печка за производство на клинкер. При надзорот беше извршен и увид во континуираниот 24 часовен мониторинг на емисија на гасови од оџакот на печките за параметрите : NOx, SOx , CO, CO2 и прашина. При тоа отпечатен е и листинг од мониторингот за последните 24 часа, кој е земен во прилог на записникот. Според мониторингот, измерените вредности на наведените параметри се во рамките на ГВЕ ( Гранични вредности на емисија), определени во А–Интегрираната еколошка дозвола за усогласување со оперативен план и Правилникот за гранични вредности на емисија на гасови од стационарни извори......... ( Сл. Весник на Р.М. бр.141/2010).

     

 

13.12.2019г.

   Скопје

 

 

                                                                                                                             ДРЖАВЕН   ИНСПЕКТОРАТ

             ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА                                                                                                                                                                                                             

 
 
22.04.2015 | Работилница во ЗЕЛС со вработените во животна средина и овластени инспектори од општините 22/04/2015

Во рамките на мисијата 1.1.3 од Твининг проектот се одржаа неколку работилници со заинтересираните страни, со цел да се споделат клучните заклучоци од оценката на сегашниот инспекциски и системот на спроведување во животната средина во Република Македонија. Еден од нив беше одржан на 22 април 2015 година, во просториите на ЗЕЛС, со учество на голем број вработени во животната средина и и овластени инспектори од општините.

Дискусијата со експертите се одржа со цел да се добијат предлози за подобрување на инспекцијата и спроведувањето на системот во животната средина.

Веста за оваа работилница објавена на страната на ЗЕЛС може да ја симнете на овој линк .

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Методите на една од двете лаборатории што мереа во Пејпар Мил не се прифатливи
16.01.2021

Државниот инспекторат за животна средина ја информира јавноста дека наредбата за забрана на корис ...

Државниот инспекторат за животна средина нареди Пејпар Мил да работи на плин
06.01.2021

По мерењата на емисиите од 30-ти декември 2020 година, повторно се утврди надминување на гранични ...

Акција на ДИЖС на опожарени стрништа во Кочанско
31.12.2020

Во акција на ден 30.12.2020 година, државен инспектор за животна средина и инспектор за земјоделс ...

Две лаборатории мереа загадување на оџакот во Пејпер Мил во присуство на инспектор
31.12.2020

Инспектори на Државниот инспекторат за животна средина, на ден 30.12.2020 година, извршија надзор ...

Државниот инспекторат за животна средина нема да дозволи Пејпер Мил да загадува
28.12.2020
Вонреден инспекциски надзор на депонијата во Визбегово по претставки од граѓани
24.12.2020

По претставки од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина, на 23-ти декември, изврши вон ...