На вториот состанок на Надзорниот комитет (НК) кој се одржа на 30ти јули, 2015 година во Скопје, се разгледуваше напредокот на проектот во периодот 12ти април до 11ти јули, 2015 година и се дискутираше програмата за наредните 6 месеци (12ти јули, 2015 година до 11ти јануари, 2016 година). На состанокот присуствуваа проектните лидери од шпанска, холандска и македонска страна, претставници на Делегацијата на Европската унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за емисси во индустријата 2010/75/EU”, Проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво“ и проектниот тим. На почетокот на состанокот, раководителот на проектот од шпанска страна истакна дека активностите досега се добро релизирани и ги нагласи надворешните предизвици за усогласување на постоечкиот систем на инспекција со најдобрите практики на ЕУ. Беше усвоен записникот од првиот состанок на Надзорниот комитет.
На состанокот, од страна на Постојаниот твининг советник, беа презентирани Кварталниот извештај 2; Operative Side Letter 3 (Оперативниот пропратен документ) и главните резултати кои произлегоа во последниот квартал, со цел нивна оценка од страна на Надзорниот комитет. Општо, прогресот на проектот беше оценет високо позитивно. Беа наведени главните резултати: активна интернет страница на Државниот инспекторат за животна средина-ДИЖС; предлози за подобрување на инспекцискиот систем во животната средина; предлог структура и содржина на новиот Закон за инспекција во животната средина; нацрт прирачник за инспекција и упатство за најдобри достапни техники -НДТ; како и оценка на потребите од обуки. Беше спомената можноста да се организираат некои мисии надвор од Скопје со цел поактивно да се вклучат инспекторите од целата држава. Се дискутираше и за можноста претставници на холандскиот Инспекциски Совет да се вклучат во некои мисии со цел да разговараат за улогата на таквото тело како опција за оптимизирање на улогата на Инспекцискиот советот во Македонија и неговата поврзаност со другите инспекторати. Исто така беше дискутирано за координација на обуките со претходно споменатиот проект за техничка помош.
Документи:
Агенда 30/07/2015.doc
Презентација- Втор состанок на Надзорниот комитет-Твининг проект 30/07/2015.pptx


