Посетата за мониторинг на Твининг проектот е извршена на 22ри септември, 2015 година од страна на релевантни претставници од МЖСПП Одделението за ЕУ (г-ѓа Емилија Атанасовска и г-ѓа Елена Митровска), ЦФЦД (г-ѓа Благица Атанасова) и Делегацијата на ЕУ (г-ѓа Маја Богдановска-Зенделска). Тие беа примени од страна на Постојаниот твининг советник од македонска страна, г-дин Дарко Блинков и проектниот тим, односно Постојаниот твининг советник, г-дин César Seoánez, асистентот, г-ѓа Лидија Фајдига и преведувачот, г-ѓа Јасмина Никуљска.
За време на почетниот состанок беа дискутирани прегледот на досегашните активности на проектот, активностите кои следат во наредниот период како и административните процедури поврзани со проектот. Потоа следеше преглед на печатените документи канцеларијата на проектот.
.JPG)
