На 21ви октомври, 2015 година, беше одржана втората посета поврзана со претходната мониторинг посета на канцеларијата на Твининг проектот на 22 септември, 2015 година од страна на претставниците МЖСПП, Одделението за ЕУ (г-ѓа Емилија Атанасовска, г-ѓа Елена Митровска и г-ѓа Македонка Трпеска). Тие беа примени од страна на Постојаниот твининг советник од македонска страна, г-дин Дарко Блинков и проектниот тим (Постојаниот твининг советник, г-дин César Seoánez, асистентот, г-ѓа Лидија Фајдига и преведувачот, г-ѓа Јасмина Никуљска).
За време на посетата беше извршена проверка дали сите документи кои треба да бидат во печатена форма се навистина испечатени и сочувани во проектната документација во канцеларијата, како што беше договорено на 22 септември, 2015 година, особено по една печатена копија од секој резултат којшто е веќе одобрен од страна на Надзорниот Комитет. Беше констатирано дека сите документи се испечатени и соодветно сочувани.
Исто така беше дискутирано и за последните случувања во рамките на проектот.
