ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
30.10.2015 | Трет состанок на Надзорниот комитет

Третиот состанок на Надзорниот Комитет (НК) на кој се разгледуваше прогресот на проектот во периодот од 12ти  јули до 11ти октомври, 2015 година и се дискутираше за програмата за наредните 6 месеци (од 12ти октомври до 11ти април, 2015 година) се одржи на 30ти октомври, 2015 година во Скопје). На состанокот присуствуваа проектните лидери од шпанска и македонска страна, претставници на холандскиот партнер, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЦФЦД, Делегацијата на Европската унија, Секретаријатот за европски прашања, Твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементација на новата Директива за емисии во индустријата 2010/75/EU”, Проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво“ и проектниот тим.

На почетокот, проектниот раководител од македонска страна истакна дека активностите досега се добро релизирани, особено изработката на првиот нацрт на Законот за инспекција во животната средина и првата фаза на импелемнтацијата на системот за управување со бизнис процесот во Државниот инспекторат за животна средина. Шпанскиот раководител на проектот и холандскиот претставник се согласија за добриот напредок направен до сега и укажаа на потребата за брзо реализирање на Адендум 2 (Дополнување на основниот договор на проектот) со што ќе се оптимизира програмата за обука за 2016 година, и потребата корисниците од македонска страна во своите планови да ги земат предвид препораките кои досега им се веќе доставени. Беше усвоен Записникот од вториот состанок на Надзорниот комитет.

За време на состанокот од страна на Постојаниот твининг советник беа презентирани Кварталниот извештај 3; Operative Side Letter 4 (Оперативниот пропратен документ 4) и главните резултати кои произлегоа во последниот квартал, со цел нивна оценка од страна на Надзорниот комитет.

Беа наведени главните резултати: активна интернет страницата на Државниот инспекторат и активности за видливост; македонска верзија на предлози за подобрување на инспекцискиот систем во животната средина; извештај за усогласеност на резултатите со оние од законодавството на ЕУ (RMCEI, IED & TFS); приспособување на софтверот за IRAM за планирања на инспекции во македонските услови врз база на ризици; детална твининг програма за обуки, предлози за долгорочно градење на одржлив капацитет на инспекторите за животна средина.

Се разговараше за мотивација за отпочнување на Адендум 2 (Дополнување на основниот договор на проектот), и беше договорено да се одржи состанок со претставници на ЦФЦД и МЖСПП во првата недела на ноември со цел да се дискутира подетално за првичниот предлог. Исто така беше дискутирано да се преземат чекори за споредба на законодавството и практиките на Инспекцискиот совет со најдобрите практики на ЕУ.

Документи:

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022