ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
10.2.2016 | Четврти состанок на Надзорен Комитет 09/02/2016

Четвртиот состанок на Надзорниот Комитет (НК) на кој се разгледуваше прогресот на проектот во периодот од 12ти  октомври  до 11ти јануари, 2016 година и се дискутираше за програмата за наредните 6 месеци (од 12ти јануари до 11ти јули, 2016 година) се одржа на 09ти фебруари, 2016 година во Скопје). На состанокот присуствуваа проектните лидери од  македонска, шпанска и холандска страна, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЦФЦД, Делегацијата на Европската унија, Секретаријатот за европски прашања, Проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво“ и проектниот тим.

На почетокот, проектниот раководител од македонска страна, г-динот Фирус Мемед истакна дека активностите досега се добро релизирани, нагласувајќи ја изработката на нацртот на Законот за инспекција во животната средина кој се наоѓа во последните фази на процедурата. Шпанскиот раководител на проектот, г-дин Alonso Picón  се согласи за добриот напредок направен во изминатите три месеци. Освен нацрт Законот за инспекција во животната средина, беа подготвени и прирачник за инспекција и повеќе обрасци и секторски упатства. Уште еднаш беше истакната потребата за подобра контрола на локалните инспектори од страна на ДИЖС за подобро планирање на инспекцијата, спроведување и известување кои би можеле да бидат барем делумно постигнати преку новиот Закон за инспекција на животната средина, изготвени во рамките на проектот.

Исто така беше истакнато дека треба да се усогласи постојниот Закон за инспекциски надзор и предлог Законот за инспекциски на животната средина преку континуиран дијалог на сите институции кои се претставени во Надзорниот комитет со Инспекцискиот советот, а во оваа насока беше побарана поддршка од страна на проектниот тим.

Беше усвоен Записникот од Третиот состанок на Надзорниот комитет. За време на состанокот од страна на Постојаниот твининг советник беа презентирани Кварталниот извештај 4; Operative Side Letter 5 (Оперативниот пропратен документ 5) и главните резултати кои произлегоа во последниот квартал, со цел нивна оценка од страна на Надзорниот комитет. Прогресот на проектот генерално беше оценет добро. Беа наведени главните резултати: активна интернет страницата на Државниот инспекторат и активности за видливост; прирачник за инспекција; изработка на секторски лиси на проверка и листи на податоци за инспекција (12 сектори); обуки за ИРАМ и инспекциски циклус; работилница и изработка на Закон за инспекција н животната средина; изработка на предлог индикатори за евалуација на инспекторатите и инспекторите; оценка на BPMS системот (систем за управување на бизнис процес) и првични предлози за наредни чекори; превод на шпански обрасци за заеднички инспекциски план и годишна програма.

Исто така беше дискутирано и усвоена потребата од итно усвојување на Адендум 2 (Дополнување на основниот договор на проектот) кој за прв пат беше разгледуван во ноември, 2015 година.

Документи:

Агенда Четврти состанок на Надзорен Комитет 

Презентација Четврти состанок на Надзорен Комитет

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022