За време на мисијата која беше одржана во периодот 20-24 април 2015 година, шпанскиот експерт г-дин Jesús Ángel Ocio и холандскиот експерт г-дин Cees Braams одржаа неколку работилници со заинтересираните страни, со цел да се споделат клучните заклучоци од оценката на сегашниот инспекциски и системот на спроведување во животната средина кои беа направени од страна на експертите во рамките на мисиите 1.1.1 и 1.1.2. Различни чинители, вклучувајќи ги локалните овластени инспектори за животна средина, вработените од секторите за животна средина во општините, Министерство за локална самоуоправа и претставници на ЗЕЛС, на копмании (кои поседуваат ИСКЗ А / ИСКЗ Б / елаборати), од Министерството за животна средина и просторно планирање (секторите за ОВЖС, ИСКЗ, Севесо, ЕУ) и од граѓанскиот сектор имаа можност за време на поединечни состаноци да дискутираат со експертите за предлозите за подобрување на инспекцискиот и системот за спроведување во животната средина. Исто така беа земени предвид повратните информации добиени од прашалникот кој беше доставен во март.
Како резултат од мисијата, беше изработен извештај во кој се опфатени главните заклучоци извлечени од работилниците, кој заедно со извештајот од мисијата 1.1.2. за процена, ќе послужи како основа за да се подготват предлози за подобрување на инспекцскиот и системот за спроведување во животната средина во следните мисии.
Документи:


