Во периодот 23-27 фебруари 2015 година беше одржана првата мисија во рамките на проектот. Шпанскиот експерт, г-дин Jesús Ángel Ocio и холандскиот експерт, г-дин Marc du Maine, имаа бројни состаноци, (дваесетина) со домашни експерти од Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, Секретаријатот за европски прашања, Министерстврото за локална самоуправа, општини (локални инспектори за животна средина), ИСКЗ инсталации и ЕУ проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво“.
По реализација на состаноците со релевантните чинители и преглед на документацијата обезбедена од нивна страна како и од страна на канцеларијата на Твининг проектот, експертите започнаа со изработка на извештај за правен и инаституционален преглед на инспекцијата во животната средина на централно и локално ниво вклучувајќи ги клучните елементи на одговорностите при инспекција во животната средина, потенцирајќи ги силните страни, слабостите, грешките во спроведувањето на релевантните директиви (вклучувајќи ја Директивата за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето ИСКЗ / Директива за емисија во индустријата-ИЕД, рамковни директиви за квалитет на воздухот и квалитет на водата), како и можности за подобрувања и реформи во рамките на сегашниот систем на инспекција.
Договорено е уште во извештајот за оценка да се вклучат предлозите за кои теми ќе се дискутира со учесниците на работилниците што ќе бидат организирани во април 2015 година со цел да се дефинираат потенцијалните подобрувања на системот на инспекција и спроведување во животната средина.
Документи:
