За време на мисијата која беше одржана во периодот помеѓу 23 и 27 март 2015 година, шпанските експерти г-дин José Francisco Alonso Picón и г-дин. Iñaki Bergareche го комплетираа правното и институционално оценување на постоечките административни капацитети за спроведување на законодавството во животната средина на централно и локално ниво кое започна во рамките на мисијата 1.1.1, вклучувајќи ги размислувањата добиени за време на мисиите 2.1.1 и 2.2.1, теренската посета на ИСКЗ инсталација (Алкалоид), преглед на одговорите на прашалникот кој претходно беше доставен до релевантните чинители и преглед на документацијата обезбедени од нивна страна како и од стрaна на канцеларијата на Твининг проектот. Финалниот документ од оценката може да го преземете подолу.
Првата комплетна верзија на извештајот за правното и институционално оценување го вклучува прегледот на инспекцијата во животната средина на централно и локално ниво земајќи ги предвид клучните елементи на надлежностите на инспекцијата во животната средина, потенцирајќи ги силните страни, слабостите, грешките во спроведувањето на релевантните директиви (вклучувајќи ја Директивата за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето - ИСКЗ / Директива за емисија во индустријата- ИЕД, рамковни директиви за квалитет на воздухот и квалитет на водата), како и можности за подобрувања и реформи во рамките на сегашниот систем на инспекција.
Во правната анализа беа земени предвид заклучоците од мисијата 2.1.2.
Документи:

