Врз основа на заклучоците и работата започната за време на мисијата 1.2.1, полскиот експерт, г-дин Krzysztof Wojcik и холандскиот експерт, г-дин Rob Kramers, во периодот 11-15 мај 2015 година, започнаа со подготовка на прирачник и листата за проверка кои ги опфаќаат сите значајни главни теми на инспекцијата. Со цел да се обезбеди компатибилност на прирачникот со електронските процедури кои треба да ги следат инспекторите, беше организиран состанок со ИТ експертот кој го развива Системот за управување со процесот на работа во Државниот инспекторат за животна средина. За време на дискусиите беше претставен холандскиот Систем за управување со процесот на работа.
Со државните инспектори за животна средина беа дискутирани чекорите во инспекциската процедура и како истите да бидат вклучени во прирачникот, како и било која дополнителна информација која треба да се обезбеди за подготовка на прирачникот и листата за проверка.
Агендата за мисијата 1.2.3, детален работен план, структурата на резултатите кои ке треба да се подготват како и наредните чекори исто така беа дискутирани со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна.
Документи:


