Во периодот помеѓу 20ти и 24ти јули, 2015, холандскиот експерт г-дин Cees Braams, италијанскиот експерт г-дин Romano Ruggeri и грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsos го изготвија првиот нацрт на упатството за инспекции во ИСКЗ/ИЕД инсталации, кое ќе биде дел од општиот прирачник за инспекциски надзор во животната средина изработен во рамките на активноста 1.2. Упатството ќе се фокусира на концептот на најдобри достапни техники-НДТ и нејзините последици во подготовка на дозволите и инспекција на ИСКЗ / ИЕД инсталациите.
Со Постојаниот твининг советник од македонска страна како и со експертите од МЖСПП одговорни за издавање дозволи беа дискутирани главните проблеми со инспекцијата на ИСКЗ/ИЕД инсталациите како и спроведувањето на условите пропишани во дозволите. Беше земена во предвид соодветната документација, вклучувајќи ги резултатите од мисиите 1.1.2, 1.1.5, 1.2.3.
Исто така, со постојаниот твининг советник и со постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани и наредните чекори и агендата за следната мисија 1.2.10, за финализирање на упатството за инспекција на ИСКЗ/ИЕД инсталациите.
Документи:

